Македонија

Министерот Муцунски во работна посета на Брисел

Во рамки на посетата Муцунски ќе оствари средби со еврокомесарката за проширување, Марта Кос

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, Тимчо Муцунски, во следните два дена ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел, јави МИА

Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе оствари средби со еврокомесарката за проширување, г-ѓа Марта Кос, како и со извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност, г-ѓа Роксана Минзату.

Воедно, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г. Цветан Трипуновски, ќе оствари средба и со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија, г-ѓа Елизабет Вернер.

За време на престојот во Брисел, предвидени се и повеќе средби со пратеници во Европскиот парламент, како и брифинг на министерот Муцунски со претставници на земјите членки во Работната група за проширување при Советот на Европската Унија.

 

Во рамки на посетата, министерот Муцунски на 23 март 2026 година ќе учествува и на тркалезната маса „A path for European enlargement”, во организација на Friends of Europe.

Во фокусот на разговорите и активностите за време на посетата ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, натамошната динамика на пристапниот процес, секторската соработка со институциите на Европската Унија, како и други актуелни политички, економски и реформски прашања од заеднички интерес.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, рече премиерот

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со владините мерки се очекува Македонија да има најниски цени на горивата во регионот, дури и во услови на глобален раст на цените. Тој посочи дека Владата очекува Регулаторната комисија да ја земе предвид донесената одлука за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти, со што нема да има значително зголемување на цените на бензините, а дизелот ќе се движи во рамки на предвидените пресметки.

Владата се спрема за кризна состојба поради скапото гориво – Ќе има мерки за да не поскапи струјата

Ќе се прогласи кризна состојба поради цените на бензините, дознава Експрес. Владата реагира откако проценила дека по најновите скокови на светската нафтена берза, би требало да се зголеми цената на дизелот за нови 10 денари по литар, а на безоловниот за 6 денари.

Матоши се заканува: Ако не го зачува Уставниот суд духот на Охридскиот договор, ќе ги поттикне Албанците на граѓанска непослушност и организирање, заради одбрана!

„Уставниот суд на С. Македонија треба да го зачува духот на Охридскиот договор и меѓуетничката кохезија на државата, а не да ги следи фрустрациите на македонските националистички партии. Таквиот пристап би можел да ги поттикне Албанците во С.Македонија да се организираат до ниво на граѓанска непослушност како форма на одбранбена реакција!“ – наведува поранешниот пратеник и генерален секретар на ДПА Ружди Матоши во својата колумна со наслов „Што прават албанските судии во Уставниот суд?“, која ја објави весникот на албански јазик „Лајм“.

To top