Македонија

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денес ќе го претстави новиот национален електронски систем за управување со документи

Интересот за користење на Порталот за електронски услуги значително е зголемен – од 1000 корисници месечно на 7.400, што претставува зголемување за седум и пол пати

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска на прес-конференција ќе го претстави новиот  Национален електронски систем за управување со документи – еДМС. Претставувањето ќе се одржи во просториите на Министерството за дигитална трансформација.

При минатонеделната посета на Делчево Андоновски изврши увид во реконструкцијата на новиот Центар за услуги во Делчево и тогаш нагласи дека интересот за користење на Порталот за електронски услуги значително се зголемил – од 1000 корисници месечно, на 7.400. Тоа претставува зголемување за седум и пол пати. Министерот Андоновски посочи дека соработката со најголемите институции во државата дава значајни резултати, и покрај предизвиците како што се дигиталната писменост, обуката на институциите и нивната подготвеност за дигитализација.

Најнови вести од: Македонија

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината

To top