Македонија

Министерство за транспорт: Се работи на решение за македонските превозници во ЕУ

Апели да не се потпаѓа на шпекулации и секаков вид непроверени информации кои може да наштетат на дијалогот

Министерството за транспорт информира дека во координација со Европската Комисија се работи на трајно решение во врска со престојот на превозниците во Шенген зоната, како и дека ресорните министерства изминатиот период се во интензивна комуникација со ЕК со цел да се изнајде решение за проблемот.

„Министерството за транпсорт е во постојана комуникација со превозниците, како и со Европската комисија со цел изнаоѓање решение во рамки на новата визна стратегија која ја промовираше Европската Унија каде што се отвора можноста возачите да бидат третирани како професионалци како и можностите за друг вид визи. Би сакале да потенцираме дека е најавено одложување на примената на ЕЕС системот и дека активно сите чинители работат на решавање на овој проблем, велат од Министерството за транспорт.

Дијалогот со Европската Комисија, како што нагласуваат, е активен и сите можности се разгледуваат од страна на техничка работна група составена од сите ресорни министерства и претставници на Европската Комисија.

„-Во следниот период разговорите продолжуваат со засилена динамика со цел наоѓање трајно решение кое е прифатливо за сите страни.

Како Министерство апелираме да не се потпаѓа на шпекулации и секаков вид непроверени информации кои може да наштетат на дијалогот. Особено не на шпекулации од соседните држави.

Секоја држава одлучува за себе. Македонија продолжува со дијалог за трајно решение, се вели во соопштението од Министерството за транспорт.

Превозниците од регионот пред колапс: ЕК ги одби сите предлози за подолг престој во Шенген

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top