Македонија

Превозниците од регионот пред колапс: ЕК ги одби сите предлози за подолг престој во Шенген

Според медиумот, ова отвора можност за нови протести, блокади на гранични премини и пристаништа од страна на превозниците.

Европската комисија (ЕК) ги отфрли сите предлози испратени од земјите на Западен Балкан во обид да се најде компромис за ограничувањето на престојот на превозниците на товар од регионот во шенген-зоната, објавија подгоричките „Вијести“.

Според медиумот, ова отвора можност за нови протести, блокади на гранични премини и пристаништа од страна на превозниците.

Превозниците предлагаа професионалните возачи да добијат посебни визи или сличен документ што би им овозможил подолг престој и работа во ЕУ без промена на живеалиштето, како и нивното работно време според патните налози при транзит низ ЕУ да не се смета во времето на престојот.

Претставниците на ЕК одговориле дека сите овие предлози се невозможни и не се во согласност со правилата на Шенген.

На директното прашање што е алтернативниот предлог на ЕК, одговорот бил дециден: возачите и превозниците мора да се прилагодат на правилото 90/180 дена. Како единствена можност, ЕК понудила виза од земја-членка само за престој подолг од 90 дена во таа конкретна држава.

Превозниците реагирале дека таквата виза би ги направила возачите граѓани на таа земја-членка, што би резултирало со губење на работата бидејќи би можеле да работат за европски превозници.

Во тој случај, превозниците од регионот би морале да се преселат во канцеларии и да се регистрираат во земјите-членки на ЕУ – процес долг и комплициран. Покрај тоа, околните земји-членки нема да ги прифатат бидејќи би станале директна конкуренција за нивните превозници.

Претставниците на ЕК немале коментар за овие забелешки и останале цврсто зад своите ставови. Претседателот на работната група од ЕУ закажал нов состанок за две недели.

Соговорникот на „Вијести“ истакнал дека постапката за решението предложено од ЕУ ќе трае со години, додека превозниците ќе останат без работа веќе во април. Затоа, во наредните денови превозниците ќе се договорат за нова форма на протест.

Од почетокот на април стапуваат во сила правилата според кои превозниците од Западен Балкан ќе можат да останат и работат максимум 90 дена во период од 180 дена на територијата на ЕУ.

Превозниците сметаат дека, сметајќи го времето на чекање и другите процедури, реално ќе можат да работат максимум десет дена месечно. Според нив, со новите регулативи нема да бидат конкурентни со превозниците од ЕУ и ќе останат без работа.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top