Македонија

Мисајловски заедно со припадниците на македонската Армија во операцијата EUFOR-ALTHEA

Во босна со македонските амбасадори на мирот

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (27 ноември 2025 година) во Сараево ги посети припадниците на македонскиот контингент во операцијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина, ЕУФОР Алтеа, при што се информираше за нивниот ангажман и придонес кон безбедноста и стабилноста на земјата.

На средбата со командантот на ЕУФОР, генерал-мајор, Флорин-Мариан Барбу, министерот го истакна значењето на оваа операција за безбедноста на регионот, укажувајќи дека нашата држава речиси две декади континуирано придонесува кон напорите на Европската Унија за одржување на безбедна и стабилна Босна и Херцеговина.

Во Сараево, министерот се сретна и со припадниците на македонскиот контингент интегриран во рамки на единица од Турција, како и со македонскиот претставник во командата на ЕУФОР. На средбата, Мисајловски им честиташе за „високото ниво на професионализам, ангажман и подготвеност“, истакнувајќи дека токму нивната работа е најдобар пример за партнерство и доверба меѓу земјите кои придонесуваат во оваа операција.

„Горд сум на секој наш припадник кој учествува во операцијата Алтеа. Вашиот придонес не е само во функција на мирот и стабилноста во БиХ – тој е силна порака за нашата заложба како држава, за нашата посветеност на европските безбедносни политики и за нашата улога како кредибилен партнер во меѓународните мисии“, истакна Мисајловски.

Нашата држава ќе продолжи активно да придонесува кон зацврстување на безбедноста на регионот – преку учеството во операцијата на ЕУ во Босна и Херцеговина и НАТО – мисијата на Косово, заклучи министерот, и додаде дека на тој начин ја одржуваме долгорочната стабилност во регионот и безбедноста на сите наши граѓани.

Припадниците на македонската Армија во операцијата ЕУФОР – Алтеа учествуваат од 2006 година. Во моментов во рамки на операцијата учествуваат 33 армиски припадници.

Во базата „Бутмир“ во Сараево, Мисајловски положи свежо цвеќе на спомен обележјето на припадниците на македонската Армија кои загинаа во хеликоптерската несреќа кај Катлановско  Блаце, а кои беа дел од оваа мисија.

Најнови вести од: Македонија

Македонија намерно се самоблокира, смета бугарскиот новинар од (не)славното интервју на Заев

Кога доброволно се повлекувате, откако Кошта и Фон дер Лајен ќе ви кажат што да правите, се поставува прашањето: со што се пополнува овој вакуум, резонира сопственикот на агенцијата БГНЕС

По средбата со Јотова, Сиљановска Давкова: Не се во прашање само уставните измени, туку и протоколите

Претседателката по средбата со Илијана Јотова во Софија изјави дека за напредок на земјава кон ЕУ не се поставуваат само условите од францускиот предлог, туку и дополнителни барања поврзани со работата на историската комисија

Почина Драги Данев – првиот ректор на УКИМ во самостојна Македонија

Данев е роден во Штип во 1942 година, а докторирал на Машинскиот факултет во Белград. Кариерата ја започнал во индустријата, а подоцна се посветил на академската работа, каде што станал редовен професор и автор на над 150 научни трудови и повеќе учебници од областа на машинството

To top