Македонија

Мистериозна смена на челната позиција во ФК Вардар

Од клубот не откриваат зошто конкретно си оди спортскиот директор

Најголемиот македонски фудбалски бренд скопски Вардар денеска објави информација која што во себе содржи високо ниво на мистерија.

ФК Вардар денеска објави дека спогодбено се разделува со спортскиот директор кој го водеше клубот во тешките моменти во кој Вардар од закана за испаѓање од првата лига дојде до европските купови.

 

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар објави дека наскоро ќе добие нов спортски директор, затоа што се раздели со актуелниот Игор Ивановски.

Од клубот не откриваат зошто си оди спортскиот директор.

 

„После четиринаесет месеци повеќе од успешна соработка, ФК Вардар АД и спортскиот директор на клубот Игор Ивановски, спогодбено се разделија. Клубот му благодари на сработеното и му посакува успешна следна епизода во животот.“, стои во објавата на клубот.

 

Поранешниот спортски новинар Игор Ивановски дојде во Вардар со преземањето на новото раководство на клубот. Од ФК Вардар заминува со освоена титула во Купот на Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Најнови вести

To top