Македонија

Митева: На 16 јули во Струмица ќе настапат најголемите уметници во електронската музика Пол ван Дајк и Пол Окенфолд!

Двајца од најголемите и највлијателни уметници во електронската музика Пол ван Дајк и Пол Оукенфолд ќе настапат во Струмица на 16 август во Градскиот парк, како дел од манифестацијата „35 години независност на Македонија“. Оваа манифестација започнува на 2 август – Илинден во Битола, а завршува на 8 септември во Скопје.

Од Градскиот парк во Струмица беше најавен уште еден голем настан којшто ќе биде во рамки на одбележувањето на 35 години независност на Македонија. -Навистина како Влада ветиме уште од самиот почеток дека ова ќе биде настан којшто ќе се случува во повеќе градови низ Македонија, сè со цел да дадеме повеќе достапност, да имаме повеќе единство и да размислуваме за тоа како достоинствено Македонија да ги одбележи 35 години независност. Јас сум сигурна дека ова што ќе го најавиме денеска и датумот на којшто ова ќе се одржува ќе биде навистина посетен од цела Македонија затоа што еден ваков настан заслужува почит, заслужува навистина достоинствено одбележување, истакна владината портпаролка Марија Митева.

Како што веќе беше најавено на 2 август се започнува со голем концерт во Битола. -Имавме прес-конференција на којашто објавивме дека над 120 македонски уметници низ повеќе градови ќе бидат низ Македонија, во текот на цел месец август. Почнуваме од 2 август и со централниот настан на 8 септември, на Дејвид Гета, на Градскиот стадион, веќе ќе го заокружиме концептот околу одбележувањето. Дополнително го најавивме и оној грандиозен настан на 1 септмеври со Хозе Карерас и со најдоброто од Македонија, со македонски уметници. Навистина ценам дека она што како Влада го имавме како концепт заедно со организаторот, а тоа е етапно да ги најавуваме настаните, најавивме дека ќе бидат повеќе настани, дека ќе се трудиме достоинствено да одбележиме еден голем јубилеј за нашата Македонија, рече Митева.

Најнови вести од: Македонија

За Бугарите Васил Бистришки „талкал околу македонското прашање“, иако јасно се борел против бугаризацијата на Македонија и Македонците! (2)

„Бугарскиот, српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. За да покажеме дека немаат никакво право над Македонија и да ја попречиме нивната асимилаторска политика, ние, Македонците треба високо да изјавиме дека не сме Срби, Грци, ниту Бугари, туку одделна македонска нација со свој јазик, национален карактер и историја.“ – истакнал Васил Ивановски-Бистришки (18.10.1906-1991) во неговата бележита статија „Зошто сме, ние Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година. Оваа статија е едно од најтемелните докажувања на македонската национална посебност и идентитет, напишана од Македонец на почетокот на 20 век. Сто и дваесеттата година од раѓањето на овој значаен деец за етноидентитетската, јазична и историска засебност на македонскиот народ е пригода за должно навраќање кон неговото дело.

To top