Македонија

Митева: СДС и Филипче со патолошки пристап и без аргументи создаваат магла и лажни скандали околу наводна хаотична, или недоволна реакција

Остра реакција на Марија Митева, портпаролката на Владата на Република Македонија, во врска со тврдењата на СДСМ и неговиот лидер Филипче околу случувањата со пожарот во Трубарево.

„СДС и Филипче со патолошки пристап во политиката и без аргументи создаваат магла и лажни скандали.“ – реагираше Марија Митева, портпаролката на Владата на Република Македонија, преку својот профил на фејсбук во врска со тврдењата на СДСМ и неговиот лидер Филипче околу случувањата со пожарот во Трубарево.

Портпаролката Митева истакнува преку општествената мрежа: Гледам денес Филипче решил да ме споменува и да прави бркотница во јавноста околу постапувањето и комуникацијата на Владата. Но, токму тоа покажува колку опозицијата е беспомошна. Ова се класични обиди да се поткопа институционалната доверба. Тоа е болен пристап во политиката: кога нема аргументи, тогаш се создава магла околу фактите. Евакуацијата е постапка, што се спроведува според строго утврдени стандарди. Граѓаните беа навреме известени, беа подготвени капацитети за згрижување и секој имаше право и можност самостојно да одлучи дали ќе ја искористи таа можност. Ова е основниот принцип на демократско и одговорно владеење. Затоа е апсурдно да се престава во јавноста за наводна хаотична, или недоволна реакција. Тоа е свесно ширење паника.

Ако зборуваме за одговорност, уште поголем апсурд е фактот дека денес зборува за морал и бара оставки токму Филипче, кој остана запаметен по најтешките скандали во здравствениот систем со провизиите за вакцини, трагичниот случај со модуларната болница, до низа нерасчистени одговорности. Тоа е навреда за колективното паметење на граѓаните. Апсолутно е невидено лицемерието на партијата, која повеќе од седум години имаше целосна контрола врз секторот за животна средина, денес да поставува прашања за депониите и дали лиценците се исправни, а истата лиценца, за која зборуваат, е издадена во 2021 година. Со кого мислат дека разговараат? Народот не е ниту наивен, ниту заборавен. Одговорот е јасен: немаат суштинска критика, туку се обидуваат преку лаги да го релативизираат сопственото наследство на негрижа и злоупотреби.

Како опозиција се обидуваат да одржат политичка важност само преку создавање лажни скандали и бркотница. Но, тоа е политички концепт без визија, без аргументи и без перспектива. Ваквиот пристап е деструктивен и опасен, затоа што не им наштетува на институциите, туку директно на граѓаните. Се обидуваат со дневнополитички инсинуации да го потценат разумот. Затоа, ваквите изјави никогаш нема да имаат политичка тежина. – порачува преку фејсбук Марија Митева, портпаролката на Владата на Република Македонија, реагирајќи остро во врска со тврдењата на СДСМ и неговиот лидер Филипче околу случувањата со пожарот во Трубарево.

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top