Македонија

Митрополитот Петар служеше литургија со рускиот патријарх Кирил

На покана на руската православна црква заедничка литургија

Митрополитот преспанско-пелагониски, Петар, и епископот велички, Никола, учествуваа на вчерашната литургија начаствувана од рускиот патријарх Кирил во руската престолнина Москва. Службата, која е прва во која учествуваат македонски достоинственици откако РПЦ во 2022 година ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА, се одржа во манастирот „Свети Сергеј Радоњишки“, на Сергеов посед, близу Москва. На литургијата учествувал и митрополит волоколамски, Антониј, кој е директор на Одделот за меѓународни односи на Руската православна црква и викар на патријархот Кирил. Во импресивниот храм на Руската православна црква, кој бил основан во 1337 година и се наоѓа на 70 километри североисточно од Москва, присуствуваа бројни верници и црковни достоинственици на РПЦ.

Со службата началствуваше рускиот патријарх Кирил, а во еден литургиски дел учествуваа и двајцата македонски достоинственици кои се обратија на македонски јазик.

–Теби прилега секоја чест и поклонение на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во век и веков… – изговараше владиката Петар како дел од својата служба.

И епископот велични, Никола, изговори дел од молитвата.

– Благодатта на еднородениот твој син со кого си благословен со пресветиот благ и животворен твој дух, сега и секогаш и во вечни векови – зборуваше тој на македонски јазик.

Во МПЦ-ОА вчера ни изјавија дека станува збор за посета до која дојде откако двајцата достоинственици добиле покани од Руската православна црква.

–Тие се поканети на службата и за тоа патување е известен архиепископот г. г. Стефан. Станува збор за посети и за учество на богослужби кои се вообичаени меѓу црковните достоинственици. Епископот струмички, Наум, деновиве е во посета на Романската православна црква каде сослужува со тамошните достоинственици, а владиката делчевско-каменички, Марко, беше во посета на Франција – ни објаснија црковните извори.

РПЦ ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА во 2002 година врз основа на томосот издаден од Српската православна црква. Во 2023 година во Македонија престојуваше рускиот митрополит волоколамски, Антониј.

Текстот е преземен од Вечер.мк

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

Најнови вести

To top