Македонија

Мицкоски: Функциите не се привилегија, туку одговорност и служба на граѓаните

Реконструкцијата не е неуспех, туку продолжување на процесот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница порача дека функциите во Владата не се привилегија, туку одговорност и средство за служба на граѓаните.

Обраќајќи се на 112. седница на Собранието, на која се расправа за разрешување и избор на нови членови на Владата, Мицкоски истакна дека реконструкцијата е дел од принципот на отчетност и резултати.

„Од првиот ден кога ја преземавме одговорноста кажав дека оваа Влада нема да биде Влада на комфор, туку Влада на резултати. Нема да биде Влада во која функциите ќе се сметаат за стекнато право, туку за обврска што секој ден повторно мора да се заслужува“, рече Мицкоски.

Тој потенцираше дека министрите кои заминуваат заслужуваат благодарност за сработеното и дека реконструкцијата не треба да се сфати како неуспех, туку како продолжување на процесот за подобри резултати.

Премиерот посебно им се заблагодари на министрите Зоран Љутков, Цветан Трипуновски, Игор Филков, Азир Алиу и Фатмир Лимани, истакнувајќи ги постигнатите резултати во нивните ресори.

Мицкоски упати и критики кон опозицијата, оценувајќи дека Владата наследила нарушени институции, ослабени јавни финансии, закочени проекти и изгубена доверба кај граѓаните.

„Ние не сме овде за да го менуваме минатото. Ние сме овде да не дозволиме тоа да ни се повтори никогаш повеќе“, порача тој.

Во рамки на реконструкцијата, Собранието треба да ги разреши седуммина министри и еден министер без ресор, а на нивно место да ги избере нови кандидати. Според Деловникот, расправата може да трае најмногу два дена, а новите министри се избираат со мнозинство од вкупниот број пратеници.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top