Македонија

Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот во Берово

Берово преполно за Голема Богородица

Берово го живее најубавиот дел од летото. Денеска го чествува големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, а илјадници посетители од целата држава го искористија продолжениот викенд да се поклонат пред светицата, но и да се разладат од овие тропски горештини. Речиси сите сместувачки капацитети се исполнети, а годинава бројот на туристи кои го посетија секогаш преубавото Берово е значително поголем од претходните години.

Традиционално, и оваа година премиерот Христијан Мицкоски го посети манастирот Успение на Пресвета Богородица, од каде упати порака за обединување на нацијата. За време на престојот во Берово, Мицкоски се осврна на туризмот, како еден од главните приоритети, посочувајќи дека Берово има огромен потенцијал, кој треба да се искористи.

„Во процес на изработка е закон со кој што ќе бидат третирани туристичките развојни зони, коишто ќе бидат или државна иницијатива или приватна иницијатива, имајќи ги предвид лимитираните средства со коишто располагаат општините. Оној дел, посебно кога станува збор за инфраструктурата и експропријацијата, би бил на товар на државата или на товар на приватниот инвеститор којшто евентуално би поднел барање за таков тип на туристичка развојна зона“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

При денешната посета на Берово, премиерот најави и зголемување на субвенциите за дојдовни туристи, преку средства од Законот за игри на среќа. Инаку, во првите седум месеци годинава на македонските аеродроми се регистрирани рекордни 2,4 милиони патници.

Најнови вести од: Македонија

250.000 евра грант од Шпанија за изградба на зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование

Грант од 250.000 евра ќе биде почетната финансиска поддршка за подготовка на нов инфраструктурен проект на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Средствата ги обезбедува Шпанија преку Шпанската сметка за социјална кохезија, со која управува Развојната банка на Советот на Европа – ЦЕБ.

To top