Македонија

Мицкоски: Немам ништо против со закон да се ограничи двојното државјанство и на извршната власт

Вели дека нема и не планира да има друго државјанство, освен македонското, и оти вакво органичување не го засега на ниеден начин

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека доколку тоа го дозволуваат Уставот и законите, нема против да се ограничи можноста пратениците да поседуваат двојно државјанство, како и да се прошири ограничувањето и на извршната власт и на претседателот на државата. Вели дека нема и не планира да има друго државјанство, освен македонското, и оти вакво органичување не го засега на ниеден начин.

-Ако правните експерти, правно-уставните експерти, велат дека нема никаков проблем, тогаш апсолутно поддржувам. Јас немам двојно државјанство ниту, пак, имам намера да имам двојно државјанство. Моето државјанство е македонско и да, нека се прошири ако тоа го дозволуваат законот и Уставот, јас немам ништо против – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по увидот во реконструкцијата на Универзалната сала во Скопје.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која е и професорка по Уставно право, денеска изјави дека со закон може да се ограничи двојното државјанство, но порача тоа да не биде само за пратениците, туку и за извршната власт, односно за министрите и за претседателот на државата.

Неодамна во парламентот пратениците од владејачката коалиција поднесоа предлог-закон пратениците да не може да имаат двојно државјанство, а веднаш потоа СДСМ поднесе друг предлог, со кој се бара ограничувањето да се прошири и на министрите и на вицепремиерите и да почне да важи веднаш.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

To top