Македонија

Мицкоски: Образованието е најмоќното оружје

Премиерот соопшти дека 7,5 милијарди денари е буџетот на универзитетите и дека е значително поголем од минатата година, додавакјќи дека тој тренд ќе продолжи

„ Долго време во нашата држава се правеа експерименти со нешто кое не смее да биде предмет на импровизација – со образованието. Токму образованието е фундаментот врз кој се гради секое општество“,  порача премиерот Христијан Мицкоски во врска со новиот закон за високо образование кој го подготвува Владата.

Премиерот посочи дека затоа Владата избра поинаков пристап.

„Веруваме дека напредокот не се гради преку наметнување туку со партнерство. Денес имаме воспоставен вистински партнерски однос со академската заедница. Добрата намера беше препознаена и заедно работевме на креирање на нов закон за високото образование кој ќе одговори на реалните предизвици и ќе отвори нови перспективи“, додаде..

За Мицкоски законот не е политичко туку државно прашање од кое зависи иднината на земјата.

Меѓу новините, рече, е тоа што првпат најдобрите студенти ќе имаат предност при вработување на државните универзитети, се воведува и нов модел на финансирање на високообразовните установи.

Осврнувајќи се на претходните законски решенија, тој рече дека кога се прават погрешни чекори, последиците ги чувствуваат генерации.

„Не само денес туку и утре. Долго време високото образование трпи големи штети поради тоа што такво законско решение се донесе во 2018-тата година. Не чинеше едно, се донесе уште полошо. Намалени прагови за напредување во звања, намалена научна продукција, намалена финансиска поддршка за универзитетите донесоа и намален квалитет. Во исто толкав период не е спроведена ниту една сериозна евалуација, ниту се нотирани слабостите, ниту се предложени суштински решенија. А потребата за промена е очигледна. Како Влада не можеме да си дозволиме да замижиме и да оставиме уште една изгубена деценија позади нас. Ова е наша одговорност и наша должност“, истакна премиерот.

Мицкоски соопшти дека 7,5 милијарди денари е буџетот на универзитетите и дека е значително поголем од минатата година, додавакјќи дека тој тренд ќе продолжи.

Додаде дека фокусот ќе биде и на науката, поддршка на научни трудови, за нашите универзитети, како што рече, повторно да бидат препознаени како центри на квалитет и иновации.

Министерката Јаневска ги соопшти предностите на новиот закон и посочи дека во неговото креирање се слушнати мислењата на дебатите организирани на сите универзитети и оти се вградени сите конструктивни и аргументирани забелешки.

Министерката Јаневска ги соопшти предностите на новиот закон и посочи дека во неговото креирање се слушнати мислењата на дебатите организирани на сите универзитети и оти се вградени сите конструктивни и аргументирани забелешки. 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

Ѓула Челику: Длабока е болката кога Албанците од „РСМ“ се етикетираат како Македонци, не треба да ја забораваат Албанија без оглед каде живеат!

„Длабока е болката кога Албанците од С.Македонија се етикетираат како Македонци, како да е нашиот национален идентитет административен избор, или прашање, кое другите можат да го одлучат за нас. Но, болката станува уште поголема кога ова негирање е прифатено, поддржано или промовирано од оние, кои треба да го бранат албанството!“ – пишува Ѓула Челику во својата колумна со наслов „Да бидеш Албанка од С.Македонија“, која ја објави информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“ од Скопје. Ѓула Челику е доктор по политички науки, професорка во државниот универзитет во Тетово, основач и претседател на политичката партија Европско граѓанско движење во Република Македонија

To top