Македонија

Мицкоски од Виена: Нашите луѓе во дијаспората се нераскинлив дел од Македонија

Премиерот ги повика македонските иселеници да се вратат во татковината и да се вклучат во нејзиниот развој со инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски во Виена се сретна со претставници на македонската дијаспора, на кои им порача дека се нераскинлив дел од Македонија и ги повика да се вратат и да инвестираат во татковината.

„Разговаравме отворено за предизвиците, но и за можностите што ги имаме како држава. Посебно ја истакнав важноста од продолжување и продлабочување на пријателските односи со Австрија. Блискоста меѓу нашите земји е јасна, а таа треба да ја претвориме во уште поголема економска соработка и нови инвестиции.

Испратив порака до нашите луѓе во дијаспората, тие се нераскинлив дел од Македонија. Ги повикав да размислат за враќање, за инвестирање и за активно вклучување во развојот на државата. Како Влада, работиме посветено да создадеме стабилна и предвидлива бизнис-клима, која ќе ги охрабри таквите чекори.

Овие средби се важни затоа што градат заедништво и доверба. Убеден сум дека само заедно, со поддршка од дијаспората и со силни меѓународни партнерства, можеме да ја движиме државата напред. Работиме посветено, чекор по чекор, со јасна цел – економски развој и подобар живот за сите наши граѓани“, порача Мицкоски од главниот град на Австрија.

Најнови вести од: Македонија

Европска недела за БЗР: Побезбедни работни места преку грижа за менталното здравје и навремено препознавање на ризиците

Унапредувањето на безбедноста и здравјето при работа (БЗР), со акцент на менталното здравје и психосоцијалните ризици на работното место, културата на превенција и добрите практики на домашните компании, ги обедини сите релевантни чинители на настанот со кој беше одбележана годинешната Европска недела за безбедност и здравје при работа. Во рамките на настанот беа доделени и националните награди за добра практика во безбедноста и здравјето при работа за 2026 година.

Николоски пред германските инвеститори: Работиме на инфраструктурниот развој на државата, Германија е трговски партнер број еден на Македонија

Активно се работи на железничкото поврзување на Коридор 8, на автопатските делници на коридорите и најави изградба на нови експресни патишта.

Судијката која му ги најде закопаните 350.000 евра в ѕид на Ѓоко Ристов избрана за јавна обвинителка за гонење организиран криминал и корупција

Искра Хаџи Василева е избрана за нова шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Таа освоила 67 гласа, а зад неа втор е Трајче Пеливанов, додека трет е Јован Цветановски.

Мицкоски: Македонија има највисок економски раст во регионот и инфлација пониска од европскиот просек

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата води про-бизнис и проекономска политика, посочувајќи ги податоците на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка како потврда за економските резултати на Македонија.

To top