– Извештајниот период завршува до 31-ви август. Во процесот на Реформската агенда ние направивме многу важни реформи и кое што претставува дел од овие извештаи на ЕУ. Очекувам следната година на имаме уште посилен извештај со што ќе се потврдат напорите и амбицијата на оваа Влада да биде реформска, рече Мицкоски.

Што се однесува до уставните измени, истакна премиерот, ставот на Владата е јасен и непроменет.
„Пооради егзибициите и антидржавната политика на претходната Влада на СДСМ и ДУИ ние сега имаме политички услов, а тоа се уставните измени. Иако многу пати во тоа време предупредувавме, бевме опозиција, да не навлегуваат во такви авантури, тоа не го послушаа. И сега можеби ние сме единствениот пример, кој што покрај оние суштински реформи кои треба да ги спроведе, имаме и политички услови. Тоа е што е. Ние го водиме дијалогот со нашиот источен сосед, се надевам дека тој дијалог на крај ќе вроди со плод и ќе можеме да зборуваме за процес кој конечно, после 21 година откако се стекнавме со кандидатски статус и 26 години откако го потпишавме договорот за стабилизација и асоцијација, ќе можеме да отпочнеме со процесот на преговори, рече Мицкоски.