Македонија

Мицкоски: Пратеникот Филипче никаде го нема во Собранието во расправи за прашања, суштински за државата, а го има секаде, за да ја блокира на патот кон ЕУ!

„Венко Филипче го нема никаде кога треба да се дискутира и разговара за разни прашања кои ги засегаат граѓаните и државата. Тој како пратеник, кој зема плата од даноците, што ги плаќаат македонските граѓани, не зел збор за ниту една суштинска расправа во Собранието, не учествувал безмалку на сите седници наменети за пратенички прашања.“ – нагласува премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Натаму Мицкоски истакнува: Го немаше Филипче да дискутира во Собранието ниту вчера, ниту викендов, ниту пак се јави за дискусија минатата недела. Каде беше пратеникот Филипче, изминатиов период кога местото на дебата е во Парламентот? И откако сè ќе помине, еве го Филипче прв да се јави со празни и бесцелни прес-конференции. Од друга страна, како продолжена рака и чувар на претседателското партиско столче на Зоран Заев, Филипче им дава насоки на пратениците од пратеничката група на СДС да ги напуштат работните групи за важни закони како што е Изборниот законик. 

Во однос на Реформската агенда, по односот што го имаат кон Изборниот законик, можеме да заклучиме само едно нешто. СДС на Венко Филипче со нивниот неформален коалициски партнер Левица, прават се да ја блокираат државата и да го спречат напредокот на патот кон полноправно членство во Европската Унија. Нема друго оправдување за нивните постапки и за намерите по секоја цена да го спречат донесувањето на реформскиот Изборен законик, со кој, меѓу другото се проширува и олеснува остварувањето на демократското право на глас за дијаспората, заклучува Христијан Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

На припадниците на Армијата им оддаде признание за нивната професионалност, посветеност и подготвеност за исполнување на задачите, изразувајќи очекување дека и натаму ќе ги надградуваат своите способности и ќе ја оправдуваат довербата на граѓаните.

Мицкоски: Потврда за заложбите на Владата во туризмот се 1 милион туристи и три милиона преноќувања заклучно со август

Заклучно со август постигнат е приоритетот на Владата во делот на туризмот за 2026 година да имаме еден милион туристи и близу три милиона ноќевања. Што значи дека предвреме ќе ја постигнеме целта којашто сами си ја зададовме на почетокот на годината, истакна премиерот, коментирајќи ги податоците на ДЗС за растот на туризмот.

Емисиите од работата на „Титан Усје“ се под граничните вредности – Ако филтрите не работат производството запира

ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес.

Денес предадено во употреба новото основно училиште „Крсте Мисирков“ во скопско Ченто со 30 училници – вложени околу 2,8 милиони евра

Новиот објект на основното училиште „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто во општина Гази Баба денеска свечено беше пуштен во употреба во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование Весна Јаневска, градоначалникот Бобан Стефковски, како и наставници, ученици, родители и граѓани.

To top