Македонија

Мицкоски предводи владина делегација во политичко-економска посета на Унгарија

Средба во Будимпешта со премиерот Виктор Орбан

Унапредување на билатералните односи, економската соработка и актуелните регионални и европски прашања ќе бидат тема на разговор на денешната средба што во Будимпешта ќе ја има премиерот Христијан Мицкоски со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Мицкоски, кој денеска заедно со владина делегација престојува во политичко-економска посета на Унгарија, по средбата со Орбан, ќе има обраќање на бизнис-форумот во Будимпешта со наслов Ден на деловна соработка помеѓу Унгарија и Македонија, каде што ќе се воспостават нови контакти и ќе се разгледаат можностите за продлабочување на економската соработка меѓу унгарските и македонските компании.

Во состав на владината делегација се и вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Рефик Џемаили, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски, како и директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемаштво, Даниела Димовска

Најнови вести од: Македонија

Почнува судењето за Стојанче Јовановски

Обвинет е за три кривични дела – Телесна повреда,  односно телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, Загрозување на сигурноста, како и кривично дело Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство.

To top