Македонија

Мицкоски: Со Макрон и Мерц разговарав за можностите да се даде поттик за европскиот пат на земјите од Западен Балкан

Според неофицијалниот документ претставен од Франција и од Германија од самитот кој се одржа на почетокот на јуни, исполнувањето на одредени критериуми за прием ќе биде наградено со привилегиран пристап до заедничкиот европски пазар и можноат да се испратат набљудувачи во европските институции

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека на самитот во Тиват разговарал со францускиот претседател и германскиот канцелар за можностите да се даде поттик за европскиот пат на земјите од Западен Балкан преку механизми како Реформската агенда или Планот за раст.

Мицкоски во гостување на Националниот сервис по повод 2 години Влада,  во рече дека не очекува да се промени рамката за евроинтегративниот пат за Македонија, но дека двете највлијателни земји во Европа, Франција и Германија, дале предлог кој може да го забрза интегрирањето.

„ Јас тоа го разговарав и со канцеларот Мерц и со претседателот Макрон, јасно дефинирајќи што мислиме дека можеби да се додаде или одземе од тој нивен предлог, гледано од нашата оптика“, рече премиерот и објасни:

„ Затоа што ако нивниот предлог е врзан со затворање кластери, ако имате Косово кое што не е ни кандидат, Босна и Херцеговина, Македонија која што почнала, а не почнала, ја имате Србија која што нема усогласена надворешна и одбранбена политика со Европската Унија и има некаква премолчена блокада и не може да отвара и да затвора кластери, тогаш не ја гледам целисходноста. Можеби е доволно да се најде некој друг механизам како Реформската агенда или Планот за раст, па на тој начин, практично да се дадат поттици и поддршка на земјите од Западен Балкан.

Тоа беше мојот предлог што го дадов на тие билатерални средби и мислам дека предизвикав внимание. Ќе видиме сега дали тоа ќе биде операционализирано, но во секој случај, јас сум задоволен од тоа што се води сметка, односно се бараат конструктивни решенија во рамките на возможното на регионот да му се понуди европска перспектива, и тоа е добро“, рече Мицкоски.

Според неофицијалниот документ претставен од Франција и од Германија од самитот кој се одржа на почетокот на јуни, исполнувањето на одредени критериуми за прием ќе биде наградено со привилегиран пристап до заедничкиот европски пазар и можноат да се испратат набљудувачи во европските институции.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

„Секое одложување на поврзувањето е пропуштена можност. Секоја одложена инвестиција има економска последица. И секоја политичка цел има цена којашто не ја плаќаат институциите, туку граѓаните“

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

Најнови вести

To top