Македонија

Мицкоски: Цената на дизелот ќе се намали за два, на бензинот за 1,5 денари

цената за евросупер 95 ќе биде 82 денари за литар, за евросупер 98 – 84 денари, а дизел годивото ќе се точи за 95,5 денари, а во овие цени не се пресметани поспустите од 2 односно 3 денари што ги обезбедува Окта за своите коминтенти

 

Премиерот Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција објави дека Регулаторната комисија за енергетика ќе ги намали цените на бензините за 1,5 денари, додека цените на дизелот за 2 денари по литар.

Мицкоски рече дека ова се минималните цени, односно дека ова намалување се додава на намалувањето што го нуди ОКТА од два денари за бензин и 3 денари за дизел.

Според тоа, цената за евросупер 95 ќе биде 82 денари за литар, за евросупер 98 – 84 денари, а дизел годивото ќе се точи за 95,5 денари.

Во овие цени не се пресметани поспустите од 2 односно 3 денари што ги обезбедува Окта за своите коминтенти.

Најнови вести од: Македонија

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

To top