Македонија

Мицкоски: Велигден нè потсетува дека токму преку сплотеноста и човечноста можеме да ги надминеме сите предизвици

Велигденски ручек

Велигденски ручек во организација на премиерот Христијан Мицкоски се одржа денеска во хотелот Хилтон, на кој меѓу другите присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска Давкова, поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот Стефан, поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи, министри во Владата, пратеници, градоначалници, претставници на медиумите.

-Денес, во духот на големиот христијански празник Велигден, организирав свечен Велигденски ручек, исполнет со топлина, заедништво и почит кон традицијата. Овој значаен настан ги обедини претставниците на институциите и општествениот живот во едно заедничко славење на вредностите што Велигден ги носи – надежта, љубовта, простувањето и новиот почеток. Во атмосфера на меѓусебно разбирање и почит, се испрати силна порака за единство, солидарност и заедничка грижа за доброто на сите, објави Мицкоски на Фејсбук.

Премиерот истакна дека Велигден нè потсетува дека токму преку сплотеноста и човечноста можеме да ги надминеме сите предизвици и да изградиме подобра иднина за нашата држава.

-Со оваа свеченост, уште еднаш се потврди определбата за негување на традицијата и зајакнување на заедничките вредности што нè поврзуваат како народ, нагласи Мицкоски.

Претседателот на Собранието Африм Гаши исто така на Фејбук истакна дека овој конструктивен настан бил можност за зајакнување на институционалната соработка, во духот на меѓусебното почитување и вредностите што нè обединуваат.

-Имав задоволство, на покана на премиерот, Христијан Мицкоски, да учествувам на традиционалниот ручек по повод празникот Велигден. Овој конструктивен настан беше можност за зајакнување на институционалната соработка, во духот на меѓусебното почитување и вредностите што нè обединуваат. Посакав овој празник да донесе мир, здравје и разбирање за сите граѓани, истакна Гаши.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, пак, објави дека во духот на празникот, овој настан со заедничка посна трпеза, беше симбол на заедништво, почит и христијанските вредности кои нѐ обединуваат како народ.

-Денес, на Велика Среда, во пресрет на најсветлиот христијански празник и радосната вест за Христовото Воскресение, присуствувавме на Велигденски ручек во организација на Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски. Во духот на празникот, овој настан со заедничка посна трпеза, беше симбол на заедништво, почит и христијанските вредности кои нѐ обединуваат како народ. Во пријатна и достоинствена атмосфера, се споделија мисли за верата, надежта и солидарноста, како темели врз кои ја градиме нашата заедничка иднина, истакна Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Градоначалникот со порака овие празнични денови да донесат мир во душата, љубов во срцата и сила за нови добри дела.

-Христовото Воскресение нека биде потсетник дека светлината секогаш победува, истакна тој. ац/

Фото: ФБ на Христијан Мицкоски, Африм Гаши, Орце Ѓорѓиевски

Најнови вести од: Македонија

Ученици од Крива Паланка освоија високи награди на Државниот натпревар по пијано и хармоника

На 64-тиот Државен натпревар на ученици во основното музичко образование, што се одржа на 6 и 7 април 2026 година во Скопје, учениците од основното општинско училиште „Св.Јоаким Крчовски” постигнаа високи и резултати во двете дисциплини: пијано и хармоника

ТАВ Македонија дванаесетта година по ред донира пакети со храна и хигиенски средства на семејства во социјален ризик од Општина Илинден

Во  пресрет на христијанскиот празник Велигден, компанијата донира пакети со храна и хигиенски средства за 37 семејства од оваа општина, кои живеат во социјален ризик

(Фото): Избрани Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народна банка

Со изборот на новите вицегувернери се обезбедува непрекинатост во спроведувањето стабилна и кредибилна монетарна политика заради одржување на ценовната стабилност и за поддршка на економскиот развој.

Учениците читаат, но ништо не разбираат – Зошто децата во Македонија се сè понеписмени?!

Македонија се соочува со сериозен пад на писменоста. Поразителни се резултатите од најновото истражување кај четврто и осмоодделенците кое открива дека новите генерации се потешко пишуваат, а уште помалку разбираат што читаат. Иако растат во дигитална ера, многумина не го знаат значењето на основни поими како зборот аудио, ниту знаат да изградат сопствен став за теми како загадувањето на воздухот.

Кафулиња и маркети ќе му плаќаат на „Комуналец“ за сопствени контејнери и собирање ѓубре

Од Град Скопје појаснуваат дека досегашната одлука не содржела одредби за оваа комунална дејност, поради што се наметнала потребата од нејзино дополнување. Со новите измени, ЈП „Комунална хигиена“ се утврдува како единствен овластен субјект за собирање и транспорт на комуналниот комерцијален отпад на територијата на градот.

To top