Македонија

Мицкоски: Во Државниот архив живее сведоштвото за нашите победи, падови и повторни исправувања

Должни сме да го чуваме она што сме го наследиле и да го пренесеме на генерациите што доаѓаат, порача премиерот

Премиерот Христијан Мицкоски со порака од свеченото одбележување на 75-годишниот јубилеј на Државниот архив на Република Македонија.

„Архивот не е само минато. Архивот е темел. Темел врз кој ја градиме сегашноста и врз кој ја проектираме иднината. Во неговите депоа, во неговите ракописи, во неговите документи, живее сведоштвото за нашите борби, за нашите победи, за нашите падови и повторни исправувања. Таму се наоѓаат и најсветлите страници од нашата историја, но и поуките кои нè направиле посилни.

Нашата обврска како Влада е да инвестираме во оваа институција – во нејзината модернизација, во нови технологии, во подобри услови за работа и во човечкиот капитал кој ја носи оваа мисија.

И затоа, оваа годишнина не е само јубилеј. Оваа годишнина е потсетник. Потсетник дека сме должни да го чуваме она што сме го наследиле и да го пренесеме на генерациите што доаѓаат.

Да го чуваме јазикот. Да ја чуваме културата. Да ја чуваме вистината“, порача Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Расте интересот за сметководството: ИСОС со нови иницијативи за младите

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) изминатиот период спроведе низа активности за подигнување на атрактивноста на сметководствената професија и нејзина промоција меѓу студентите и средношколците

„Стандард и Пурс“ и „Фич“ го потврдија досегашниот кредитен рејтинг на Македонија

Македонија води кредибилни и конзистентни макроекономски политики поддржани преку долгогодишната политика на фиксен девизен курс, подобрите показатели за управуање во споредба со други земји со слични економски перформанси, како и посветеноста на реформи во рамки на процесот на пристапување во ЕУ. Ова го констатира кредитната агенција „Фич“ во последниот извештај со кој земјата го задржа и кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед.

Ексградоначалникот на Кичево Дехари осомничен е за свесна злоупотреба на 1,6 милиони евра преку тендер!

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кичево до ОЈО Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од Кичево, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба“ , како и против лицето Б.К. (46) од Кичево, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“.

Најнови вести

To top