Македонија

Мицкоски за писмата на Филипче до ЕУ, „кој е сериозно загрижен за уставниот поредок“: Секој има право да праќа писма, но моите чувства за прогон сè се посилни!

„Секој има право да си се допишува и да праќа писма, но моите чувства се сѐ посилни!“ – , рече премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање за став на информацијата дека лидерот на СДСМ Венко Филипче испратил писма до сите официјални институции во ЕУ, но и до сите амбасадори во земјава по изјавата на премиерот дека „има чувство оти можеби ќе има прогон на поранешни функциониери од сегашната опозиција“.

СДСМ претходно денеска соопшти дека Филипче упатил официјални писма до Европската Унија, Европската комисија, Европскиот парламент, известувачот за Македонија, како и амбасадорите на земјите членки на ЕУ за „сериозното нарушување на демократскиот и уставниот поредок, поделбата на власта и владеењето на правото во Македонија“. „Подолг период системски се поткопуваат поделбата на власта, владеењето на правото и основните принципи на уставноста. Постои реална и основана загриженост дека извршната власт спроведува координирана стратегија за навлегување во судската независност, што укажува на јасна и систематска инсталација на авторитаризам.“ – се тврди во тие писма, во кои директно се посочува „улогата на премиерот Христијан Мицкоски“ и се изнесуваат „најавите со закани врз опозицијата и најавата за политички прогон“.

Изјавата дека “премиерот има чувство дека набргу, високи функционери од претходната влада на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на Влада, нивни блиски од семејството итн ќе бидат опфатени со одредени прогони“, според СДСМ е изјава за „политички реваншизам, што претставува директна закана за демократскиот плурализам“. Во изјава од пред два дена Мицкоски истакна дека очекува опозицијата да биде критичка и во своите редови и доколку поранешни високи функционери од претходната влада на СДСМ бидат опфатени во одредени прогони, да излезат на прес-конференции и да ги повикаат на одговорност.

„Очекувам истата оваа опозиција да се однесува вака критички како што сега се однесува кога имам чувство дека набргу високи функционери од претходната влада на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на влада, нивни блиски од семејството и така натаму, ќе бидат опфатени со одредени прогони. Имам чувство, не велам дека имам информација, имам чувство. Очекувам дека и тогаш кога тоа ќе се случи, исто така ќе имаат вакви прес-конференции и тогаш нема да велат дека тоа е политички прогон, туку ќе ги повикат да одговараат пред органите, односно да ја докажуваат својата невиност.“ – изјави тогаш Мицкоски.

Македонска информативна агенција – МИА

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

На припадниците на Армијата им оддаде признание за нивната професионалност, посветеност и подготвеност за исполнување на задачите, изразувајќи очекување дека и натаму ќе ги надградуваат своите способности и ќе ја оправдуваат довербата на граѓаните.

Мицкоски: Потврда за заложбите на Владата во туризмот се 1 милион туристи и три милиона преноќувања заклучно со август

Заклучно со август постигнат е приоритетот на Владата во делот на туризмот за 2026 година да имаме еден милион туристи и близу три милиона ноќевања. Што значи дека предвреме ќе ја постигнеме целта којашто сами си ја зададовме на почетокот на годината, истакна премиерот, коментирајќи ги податоците на ДЗС за растот на туризмот.

Емисиите од работата на „Титан Усје“ се под граничните вредности – Ако филтрите не работат производството запира

ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес.

To top