Министерот за администрација Горан Минчев во интервју за Радио слободна Европа најави сериозен „рез“ на на бројот на државните институции и дека законски тоа би требало да биде регулирано до крајот на оваа година. .
Според него, вработените во овие институции кои може да престанат да постојат нема да бидат отпуштени, туку ќе бидат прераспределени, додека со намалувањето на раководните позиции, ќе се децентрализира и администрацијата.
Минчев изјави за РСЕ дека законот ќе биде одобрен до крајот на годината.
„Хипотетички, ако има 100, треба да направиме намалување од 40%, оставајќи 60 институции. Тоа значи дека институциите не се централизираат, туку се намалуваат буџетските корисници.
Имаме институции кои имаат еден директор, пет члена на одборот на директори и двајца вработени. И никој не знае за која цел се формирани. И се преклопуваат со функционирањето или одговорностите на друга институција. И тука директно ќе ги нападнеме службените позиции, вработените што би сакале да ги преземеме, но со намалување на членовите или отстранување на членовите на одборот на директори и позициите директор, заменик-директор, директно го напаѓаме она што го нарекуваме партизација на администрацијата бидејќи главно сите тие функционери доаѓаат од некои партиски редови“, изјави Минчев.