Македонија

МНР: Се чека потврда дали македонски државјанин е меѓу тројцата убиени во Боливија

Се чека завршување на обдукцијата за официјална потврда на идентитетот на жртвите, која во моментов е во тек.

Македонската амбасада во Бразил е во комуникација со Амбасадата на Боливија во Бразилија по информациите од српските медиуми за убиството на три лица во Боливија, меѓу кои, според медиумските извештаи, има двајца српски и еден македонски државјани, соопшти МНР.

Од Министерството за надворешни работи информираат дека се чека завршување на обдукцијата за официјална потврда на идентитетот на жртвите, која во моментов е во тек.

По добивањето на потврдените податоци од боливиските власти за идентитетот и околностите на настанот, МНР најави дека дополнително ќе ја извести јавноста.

Македонец и двајца Срби убиени во Боливија (ВИДЕО)

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top