Македонија

МНР склучи договор, евакуацијата од Блискиот Исток почнува в недела

Сите македонски државјани од блискоисточните земји што побарале, ќе бидат вратени во Македонија до средината на идната недела

Евакуацијата на македонските државјани од земјите на Блискиот Исток со комерцијални чартер-летови ќе почне в недела, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Попладнево е склучен договор со авиокомпанија, во согласност со Законот за јавни набавки и по спроведена соодветна постапка, додаваат од Министерството.

Според утврдениот план, се очекува до средината на следната недела да бидат евакуирани сите македонски државјани кои изразиле подготвеност за враќање.

Процесот се координира од Министерството и од дипломатско-конзуларните претставништва во регионот.

Според последните податоци, амбасадата во Доха ја контактирале 150 македонски државјани, од кои 95 изразиле подготвеност за евакуација. Во амбасадата во Абу Даби се јавиле 585 лица кои престојуваат во Обединетите Арапски Емирати, како и 36 од Кувајт, 15 од Бахреин и петмина од Саудиска Арабија.

Министерството повторно ги повика сите македонски државјани кои се наоѓаат во погодените региони, а сè уште не стапиле во контакт со дипломатско-конзуларните претставништва, тоа да го направат во најкраток можен рок преку дежурните телефонски броеви или преку СОС-бројот на Министерството.

 

Најнови вести од: Македонија

Грчки „патриоти“ ја штитат и Македонија од евентуален напад од Иран

Атина ја презеде заштитата на македонскиот воздушен простор во рамките на НАТО, а на барање на Софија ја штити и Бугарија со распоредување батерија „патриоти“ на северот од земјата и со двојка ловци Ф-16

Лекарите на хартија дежураат без пауза, а за пациентите нема термин ни за лек, можно ли е?!

Министерството за здравство со строги мерки за следење на работата на здравствените работници, со цел обезбедување ефикасна работа и транспарентност. Министерот Азир Алиу најави воведување нов систем за евиденција на работното време преку отпечаток од прст и нагласи дека ќе се преземат законски мерки против институциите и директорите кои нема да ги почитуваат правилата.

To top