Македонија

Модниот бренд „Funky Buddha” за прв пат на македонскиот пазар во Diamond Mall

Главниот моден бренд на грчката компанија влегува на македонскиот пазар

„Funky Buddha“, главниот моден бренд на грчката компанија „Altex S.A.”, влегува на македонскиот пазар со отворање на својата прва продавница во трговскиот центар Diamond Mall. Продавницата е лоцирана на првиот кат на молот и нуди модерна облека и обувки за мажи и жени, како и различни модни додатоци. Брендот „Funky Buddha“ се карактеризира со минималистичка естетика и дизајн инспириран од урбаната култура.

Брендот е верен на принципите за одржливост и одржлив развој, нудејќи високо квалитетна, удобна и достапна облека со уникатен карактер. Во новата продавница на „Funky Buddha“ во Diamond Mall се достапни најновите модели на брендот од сезоната есен-зима 2025 година. Можат да се најдат и многу уникатни модни додатоци, кои се вистинско уживање за љубителите на модните трендови.

Основана во 2005 година, „Altex S.A.“ е модна компанија за дизајн и дистрибуција на облека и модни додатоци. Компанијата има мрежа од над 70 продавници во Грција и Кипар и постепено го шири своето присуство во други земји. Вработува 350 вработени и има годишен обрт од 44 милиони евра.

Со новата продавница на уште еден ексклузивен моден бренд Diamond Mall дополнително ја збогатува својата шопинг понуда и нуди нов урбан шмек во градот. Покрај шопинг сегментот, кој го сочинуваат 150 продавници, Diamond Mall ја има и Гурманската авенија (Gourmet Avenue), каде што се лоцирани модерни ресторани и кафулиња и Зоната на соништата (Dream Zone), која е најголем едукативно-забавен центар за деца и млади кај нас.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): 25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животи

Под слоганот „Менуваме животи“, СОС Детско село одбележа 25 години постоење и работа во Македонија со јубилеен настан во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Признание за квалитет и гостопримство: „Limak Skopje Luxury Hotel“ е најдобар сместувачки капацитет за 2026 година

Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ има посебно значење за Limak Skopje Luxury Hotel.

To top