Македонија

Монах Амвросиј: Свети Наум ја градеше душата на древниот македонски народ, кој стои со својот идентитет во темелите на европската цивилизација! (2)

„Во тишината на бреговите на Охридското Езеро манастирот ‘Свети Наум’ со векови ја чува духовната светлина на македонскиот народ.  За да ја разбереме духовната мисија на манастирот ‘Свети Наум’ денес мораме да погледнеме во длабочината на нашиот историски и духовен континуитет. Кога Свети Наум го основал овој манастир во 905 година на брегот на Охридското Езеро, тој не градел само ѕидови, туку ја градел душата на еден народ. Ова свето место не е само нем споменик од минатото, туку жива лулка, во која пулсираат македонскиот идентитет и нашата национална меморија. Манастирот ‘Свети Наум’ е жива историска енциклопедија, во која е впишан целиот македонски национален и духовен код. Овде не се вкрстувале само патиштата на обичните луѓе, туку овде се кршеле копјата на најголемите империи, а манастирот секогаш останувал исправен како светилник на нашата самобитност. Затоа, манастирот ‘Свети Наум’ не е само историја. Тој е жив доказ дека еден народ, што го изградил својот идентитет врз писменост, вера и манастирска непокорност, никогаш не може да биде избришан од мапата на светот!“ – нагласува во интервју за „Нова Македонија“ монахот Амвросиј, жител на ова свето место и моментно студент на Московската духовна академија.

Македонија била цивилизацискиот светилник, што ја просветлил Источна Европа!

Амвросиј истакнува: Историската важност и апостолскиот континуитет, нашиот духовен код не започнува во средниот век, туку има цврст апостолски темел. Уште кога апостол Павле го слушнал повикот: „Дојди во Македонија и помогни ни“, македонскиот идентитет влегол во христијанската историја како конкретен народ, а не како обична географска територија.

Кога Свети Наум го основал овој манастир во 905 година на брегот на Охридско Езеро, тој не градел само ѕидови туку ја градел душата на еден народ. Заедно со Свети Климент, тој ја создаде Охридската книжевна школа, која функционираше како прв словенски универзитет, низ кој поминале над 3.500 ученици. Во време кога се верувало дека на Бога може да му се обраќа само на три јазици (еврејски, грчки и латински), нашите просветители ја победија оваа бесмислена „тријазична ерес“. Тие не само што создадоа писмо, туку му го дадоа на нашиот народ најголемото цивилизациско достоинство – правото да се моли, да мисли и да создава на својот мајчин македонски јазик. Значењето на охридската духовна традиција ги надминува нашите граници и претставува извориште, од кое се напојувала целокупната словенска цивилизација.

Фактите говорат дека во 991 година македонскиот цар Самуил испратил голем број охридски црковни ракописи во киевска Русија, за да ѝ го помогне во нејзиното покрстување. Токму тие македонски ракописи, како славните „Новгородски ливчиња“, биле директниот темел за развојот на раната руска писменост. Со ова се докажува дека Македонија била цивилизацискиот светилник, што ја просветлил Источна Европа.

Духовната мисија на манастирот „Свети Наум“ денес е суштински повик за наше национално и духовно будење во едни нови предизвикувачки времиња. Историски, Охридската црква и нејзините манастири биле единствениот бедем и штит, што го зачувале македонскиот идентитет во вековите кога сме немале своја држава. Затоа, улогата на овој манастир не смее да биде сведена само на туристичка посета. Свети Наум овде градел луѓе, а нашата света должност е тој простор повторно да го отвориме како жив едукативен и духовен центар. Тоа е најсилниот штит со кој еден народ ја брани својата иднина. Нашата современа мисија преку овој манастир е да им понудиме на младите генерации место каде што ќе го градат својот здрав карактер, каде што ќе се учат на традиционалните вредности и длабоко ќе ја засакаат својата татковина. Ако им ја засадиме таа искра на достоинство во срцата, тие ќе останат тука и ќе ја чуваат Македонија. Додека го чуваме тој духовен дом, нашата вера и нашите млади луѓе – македонскиот народ ќе остане вечен и никогаш нема да може да биде мал.

Народот што ги чува својата вера, својот јазик и своето семејство не може да биде избришан никогаш од лицето на земјата!

Затоа, нашиот ден овде не е само рутина на богослужби. Секоја наша утринска и вечерна молитва и секој прочитан псалм на мајчин јазик претставуваат продолжување на духовниот и национален континуитет на македонскиот народ.

Монасите во Свети Наум денес се стражари на еден вечен оган – кој не само што ја осветлува нашата славна историја, туку треба да им го осветли патот и на новите генерации, учејќи ги дека народот што ги чува својата вера, својот јазик и своето семејство, никогаш не може да биде избришан од лицето на земјата. Старите ракописи, фрески и икони на овој манастир не се само неми музејски експонати; тие се живиот духовен пасош на македонскиот народ. Во време кога се обидуваат да ни го оспорат идентитетот, токму овие артефакти се нашиот најсилен одбранбен штит, бидејќи тие сведочат дека ние сме древен, европски и културотворен народ.  Ние  бевме извозници на цивилизација! Доказите, потврдени и од големиот византолог Владимир Мошин, недвосмислено говорат дека во 991 година, за време на македонскиот цар Самуил, од Охрид биле испратени голем број црковни ракописи во киевска Русија за да го помогнат покрстувањето на Словените под кнезот Владимир. Прочуените „Новгородски ливчиња“, кои се остаток од македонско евангелие од X век, послужиле како директна матрица за изработка на првите руски книги, како Остромировото евангелие. Тоа значи дека Охрид и македонската држава биле духовните светилници што ги овозможиле христијанизацијата и еманципацијата на половина Источна Европа!

Затоа, кога денес нашиот државен врв прави огромни напори да ја подигне Македонија на високо меѓународно рамниште и да го зацврсти нашето достоинство меѓу европските народи, тие треба да знаат дека ние имаме длабок историски мандат за тоа. Ние не сме нација создадена од политички декрети, туку народ што низ овие светилишта ја описменил и ја облагородил Европа. Нашата мисија денес е да го вратиме тој сјај – претворајќи ги нашите манастири во живи едукативни и патриотски центри, каде што новите генерации ќе црпат самодоверба од овие стари ракописи и икони, свесни дека му припаѓаат на народ што стои во темелите на европската цивилизација, посочува монахот Амвросиј.

 

(„Нова Македонија“)

 

Најнови вести од: Македонија

Ошлис: Македонецот Наум Охридски е само европски просветител, но и дипломат, а Европа ако ја изгуби Македонија, набргу ќе се изгуби и саматата себеси! (3)

Големиот германски македонист проф.д-р Волф Ошлис силно ја застапува македонската историска перспектива и нагласува дека дејноста и традицијата на Свети Наум Охридски е дел од македонското јазично-културно и просветителско наследство. Во своите истапувања на Меѓународниот семинар за македонски јазик и култура во Охрид во изминатите години Ошлис ја ја аргументирал повеќе пати својата констатација дека Наум е еден од основноположниците на македонската култура, јазик, религија и наука, без никаква врска со други народи во Балканот. Во својот научен труд со наслов „Македонецот Наум Охридски и Германецот Регино фон Прим како европски дипломати“ Ошлис, дури, го означува македонскиот просветител и како еден од првите и тоа врвни европски дипломати, поради развиените контакти, што ги имал со тогашните владетели и видните личности од нивните царски дворови, во рамки на своето учество во тогашната Моравска мисија на македонските и сесловенски просветители Кирил и Методиј, започната во 863 година меѓу народите во Средна Европа.

„СДК“: На „Маркова нога“ ќе се обнови спомен-плочата за седумте младинци од Лерин, ѕверски убиени на 17.1.1944 од бугарскиот фашистички окупатор

„На седумте младинци борци од Лерин, ѕверски убиени на 17 јануари 1944 година од бугарскиот фашистички окупатор“, пишува на спомен-плочата на граничниот премин Маркова Нога. Повторното отворање на граничниот премин Маркова Нога во Преспа ќе нема само политичко, и економско начење. Преминот ќе биде и место за историско сеќавање бидејќи непосредно до него, на македонската страна, се наоѓа спомен-плочата за седумте младинци од Лерин кои беа измачувани и убиени од фашистичките сили за време на Втората светска војна, објави информативниот портал „СДК“.

Мицкоски: Очекувам во јунскиот извештај на ЕУ да бидеме најдобри исто како во декемврискиот, има уште време за разговори со опозицијата за изборниот закон

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека очекува во јунскиот извештај на ЕУ да бидеме најдобри исто како и во декемврискиот. Тој уште еднаш повика на разговори со опозицијата за Изборниот законик, за што кажа дека се уште има шанса да биде донесен и да биде исполнет и десетиот чекор од зададениот грејс период.

Денес се одбележуваат великото дело и личноста на Свети Наум Охридски, еден од основоположниците на македонската и сесловенската писменост (1)

Денес Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и сиот македонски народ, не само оние, кои се православни христијански верници, го одбележуваат црковно-народниот празник, посветен на личноста и великото дело на Свети Наум Охридски – Чудотворец, еден од основоположниците на македонската и сесловенската писменост и просвета, заедно со светите браќа Кирил и Методиј, како и со Св. Климент. Свети Наум Охридски останува запаметен како исцелител и просветител на македонскиот народ, но како и заштитник на манастирот „Св. Наум“ во Охрид. Охридската книжевна школа, како најстара средновековна македонска книжевна школа, е формирана во 886 година од Свети Климент Охридски. Во 893 година на Климент му се придружува Свети Наум Охридски, откако Климент е назначен како епископ. Во рамките на Охридската книжевна школа биле обучени повеќе од 3.500 ученици и таа одиграла клучна улога во описменувањето, како и во ширењето на македонската и словенската писменост и култура.

Најнови вести

To top