Македонија

„За мене постои само Република Македонија без придавки“, рече Kалиопи и го најави големиот концерт

Видно расположена и со насмевка Калиопи на средбата со новинарите истакна неколку работи кои се вистинити но и неверојатни.

Калиопи на прес-конференција го најави големиот концерт што ќе го одржи на 17 октомври во скопската арена, но дел од нејзиното обраќање беше посветен и на името на државата, како и на новото име на големата сала во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Големата сала од крајот на јули функционира под името „Т Арена“, по партнерството на Спортскиот центар со Македонски Телеком. Самиот Спортски центар и натаму го носи името на поранешниот претседател Борис Трајковски.

Калиопи, сепак, порача дека за неа арената ќе остане „Борис Трајковски“.

  • „За мене постои само Република Македонија, без придавки. И она што е многу важно, исто така и самите гледате – за мене арената ќе остане секогаш ‘Борис Трајковски’. Ако сме дале име на наш претседател, да го насловиме, тогаш тоа е тоа“, рече Калиопи. 

На прес-конференцијата таа зборуваше и за новата песна „Бебе“, како и за активностите што ѝ претстојат во кариерата, меѓу кои и ангажмани во Загреб. Најави и дека на скопскиот концерт ќе има специјален гостин, но неговото име засега го чува во тајност. Како што рече, публиката ќе дознае за кого станува збор десетина дена пред концертот.

Калиопи и претходно настапувала пред бројна публика во оваа сала, а на 17 октомври повторно ќе ги изведе хитовите што ја одбележаа нејзината повеќедецениска кариера. Кристијан Стефановски од „Прагма продукција“ на прес-конференцијата порача дека домашните изведувачи заслужуваат големи концерти и големи сцени.

  • „Македонската музика заслужува да има големи концерти во големи сали, да биде на исто место и ист пиедестал како сите артисти. Мора да сфатиме дека ако нашето не го сакаме, не може ни туѓото“, рече Стефановски. 

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top