Македонија

Муцунски: Филипче и опозицијата треба да се извинат, а не да шират хистерија и критикуваат

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во емисијата „Тема на денот“ на Сител телевизија, истакна дека Брисел го толкува процесот на проширување како унификација на Европа со економско, но пред сè безбедносно значење за ЕУ, во услови на сложен геополитички контекст.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во емисијата „Тема на денот“ на Сител телевизија, истакна дека Брисел го толкува процесот на проширување како унификација на Европа со економско, но пред сè безбедносно значење за ЕУ, во услови на сложен геополитички контекст.
Тој е уверен дека уставните измени би довеле до поинаков тон во Извештајот на Европската комисија, бидејќи техничката оценка секогаш носи и политички аспект. Владата, нагласи, отворено ги пренесува ставовите на народот во Брисел и врз нив ги гради позициите.

„Не е само прашањето на уставни измени, прашањето е кои се гаранциите што ќе ги добие државата за предвидливоста на нејзиниот пат напред“, рече Муцунски.
По година и половина опозициска хистерија дека надворешната политика нема концепт, Извештајот на ЕК го демантира тоа: надворешната политика и регионалната соработка се највисоко оценети, со пофалби за усогласеноста со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, историското партнерство во одбраната и одржувањето на стратешкото соработништво со САД во време на глобални конфликти и променети трансатлантски односи.

„Лидерот на СДСМ тврди дека имаме анти-ЕУ надворешна политика, без концепт, и тоа често го има повторувано, но ЕУ сега вели дека една од најсилните алки во системот на евроинтеграција е надворешната политика на државата“, рече шефот на македонската дипломатија.
Муцунски оцени дека опозицијата нема кредибилитет да коментира евроинтеграции, особено кога Филипче го брани решението од 2022 година.

„Мојата поента е – кој е легитимитетот и кој е кредибилитетот на луѓето кои ја доведоа нашата држава во оваа позиција во делот на европските интерации да ценат?“

Тој повика на консензус меѓу Владата, опозицијата и сите засегнати страни. Наместо нереални критики, потребно е заедничко дејствување. Филипче, смета Муцунски, би требало да се извини за грешките од 2022 година, наместо да зборува за нејасни „црвени линии“ што ја влошуваат позицијата на државата во странство.

„Така да контрадикторноста на опозицијата и кога беше власт и сега се покажува постојано на дело и немаат кредибилитет да зборуваат по овие прашања“, заклучи Муцунски.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top