Македонија

Муцунски: Од закочениот процес за ЕУ немаме штета само ние, туку и Бугарија

Кај ЕУ има желба да се помогне во развивање дијалог насочен кон решение со Бугарија, вели шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во вчерашната изјава за „Сител“ вели дека и покрај таа желба кај ЕУ, за жал, во овој момент не постои висок степен на желба за дијалог од страна на соседна Бугарија.

Како што рече тој, искрено се надева дека тоа ќе се промени затоа што штета од закочениот процес немаме само ние, туку „исто така штетата ја трпи и Бугарија којашто губи време да има сосед којшто (да биде) поскоро земја членка на ЕУ“.

„Тоа е во нивни и економски, и политички, и национален интерес, и верувам дека ќе постои рацио и рационалност кај нашите соседи …
Министерот вели дека има желба кај Европската Унија и кај одредени земји членки да се помогне во развивање дијалог насочен кон решение.
„Но, ги уверувам нашите граѓани дека не треба да имаат никаква грижа по однос на позициите на Владата – тие се сосема јасни и нема да прифатиме никакви отстапки што се поврзани со нашите основни идентитетски обележја – нашиот јазик и нашата историја“, изјави Муцунски во интервју за ТВ Сител.

 

Најнови вести од: Македонија

Архиепископ г.г Стефан: На мајчин македонски јазик да објавиме ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

Светлината на Христа воскреснатиот нека нè просвети, та, со нашата вера и со богоугодни дела, да го озариме светот со велигденска радост, па во братољубие, оттука, па до сите краишта на светот, до каде што нè има како народ и како Црква, да објавиме на нашиот мајчин македонски јазик: ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

Доживотните казни за убијците на Вања и Панче пред Апелација

Предметот е во второстепена постапка по жалбите поднесени од одбраната и од Основното јавно обвинителство, кое се жали во делот на ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, како и за второто дело на обвинетите

To top