Македонија

Муцунски се сретна со македонската дијаспора во Швајцарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој е на повеќедневна официјална посета на Швајцарија, вчера во Женева се сретна со претставници на македонската дијаспора.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој е на повеќедневна официјална посета на Швајцарија, вчера во Женева се сретна со претставници на македонската дијаспора.

„Посебна чест ми беше, на првиот ден од работната посета на Женева, заедно со бројната македонска дијаспора, да го одбележиме Денот на независноста – 8 Септември,“ изјави Муцунски.

Во своето обраќање, министерот го истакна значењето на македонската дијаспора како мост помеѓу двете држави, промовирајќи поблиски културни и економски врски, како и чувар на идентитетот и вредностите на Македонија. „Изразив благодарност за сите иницијативи, проекти и активности што произлегуваат од македонската заедница во Швајцарија и ја потврдив решеноста на Владата, институционално и преку конкретни мерки, да ја унапреди врската со Македонците ширум светот,“ напиша Муцунски на Фејсбук.

За време на посетата на Швајцарија, Муцунски ќе се обрати на Самитот на млади лидери, организиран од Светскиот економски форум во Женева. Исто така, тој ќе го отвори Почесниот конзулат на Република Северна Македонија во Женева и ќе оствари билатерални средби со генералниот директор на Светската трговска организација, заменикот висок комесар за човекови права, директорот на Женевскиот центар за безбедносни политики и специјалниот известувач за малцински прашања при Советот за човекови права на Обединетите Нации.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска се сретна со граѓаните од Кисела Вода

Приемните денови се организираат за време на викендот, односно во сабота, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и да им се олесни одвојувањето време надвор од нивните редовни работни обврски. Отворените денови за средби со граѓаните ќе продолжат да се реализираат со истата динамика и во наредниот период.

(Видео): Партиските притисоци од СДСМ и ДУИ разрешувале судии за еден ден, се одело по насока на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност.

Мицкоски јасен: Местото на Македонија е во Европа

Македонија е жртва на булинг од земји членки кои го условуваат евроинтегративниот процес, изјави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека земјата не се вреднува според напредокот, туку според политички услови.

(Фото): Панчевски за СЈО: Во светот можеш се да купиш и бут и врат и кременадла, образ никој не продава

Животот не е 4 години, не е ни 6, не е ни функција, ни власт, животот е долг и полн со искушенија од нечесни луѓе, лажомани и предавници, но полн е и со чесни, искрени и добронамерни кои го топлат срцето. Со овие зборови го почна последниот пост, поранешниот претседател на Кривичен суд, Владимир Панчевски, кој […]

To top