Македонија

Муцунски за „Политико“: Нема уставни измени без цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното вакво барање

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде интервју за влијателниот политички магазин Politico. Говорејќи за процесот на европска интеграција, министерот истакна дека државата во моментов не е подготвена да ги направи уставните измени што ги бара Бугарија, освен ако не добие цврсти гаранции од Европската […]

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде интервју за влијателниот политички магазин Politico.

Говорејќи за процесот на европска интеграција, министерот истакна дека државата во моментов не е подготвена да ги направи уставните измени што ги бара Бугарија, освен ако не добие цврсти гаранции од Европската Унија дека тоа ќе биде последното вакво барање. „Нашиот страв е: ако ги направиме уставните измени, што ќе се случи ако за шест месеци Бугарија повторно дојде со барања поврзани со историјата, идентитетот или јазикот?“, рече Муцунски.

Тој нагласи дека Македонија е подготвена и веќе работи на сите други неопходни реформи, бидејќи тие не се само барање на Унијата, туку и потреба на општеството. „Ако утре земјите членки ни кажат дека треба да направиме повеќе во областа на владеењето на правото или доброто управување – тоа го разбираме. И не само што го разбираме, туку го чувствуваме како наша обврска“, додаде министерот.

Во интервјуто тој се осврна и на геополитичкиот контекст, нагласувајќи дека иако ја разбира итноста за интеграција на Украина, тоа не смее да биде на сметка на Западен Балкан. „Најбрзата, а веројатно и најевтината инвестиција во европската стабилност е ЕУ што побргу да ги отвори вратите за целиот регион. Не мислам дека селективното проширување е најдобрата опција“, изјави Муцунски.

Тој потсети дека Македонија го започна европскиот пат заедно со Хрватска, но додека Хрватска денес е членка на Шенген и користи евро, нашата држава сè уште нема отпочнато преговори за членство.

Министерот изрази увереност дека проширувањето сè уште е возможно. „Слушаме за скептицизам кон проширувањето. Но,  Македонија – културно, социјално и политички – е европско општество. Доколку ги направиме реформите како што треба, не верувам дека ќе има силен отпор за проширувањето на нашиот регион.“

Покрај темите поврзани со ЕУ-членството, Муцунски зборуваше и за поддршката што Македонија ја дава за Украина, придонесот во НАТО Алијансата, како и целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Тој посочи и дека Македонија беше првата земја од регионот што потпиша безбедносно-одбранбено партнерство со Европската Унија – дури пред Велика Британија и Канада.

Најнови вести од: Македонија

Стефановски: Македонија ќе биде првата земја во регионот, што ги исполнува условите за европски роаминг

Министерството за дигитална трансформација ги финализира активностите за усогласување со европската регулатива за воведување на моделот „Роаминг како дома“ со Европската Унија.“ – изјави денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Тој нагласи дека Македонија ќе биде првата држава во регионот, која ќе ги исполни сите критериуми, по што ќе може да влезе во преговори со Европската комисија, која ќе биде посредник пред европските телекомуникациски оператори.

Вест од Брисел, важна за Македонија: ЕУ изготвува построги правила за прием, за да не стане ниедна нова членка „втора Унгарија“, што ќе ѝ биде „трн во окото“!

„Црна Гора, фаворитот за членство во ЕУ, би можела да се приклучи под построги услови. Кога станува збор за прием на нови членки во ЕУ, Европската комисија (ЕК) има еден главен приоритет: да се осигури дека ниедна нова кандидатка за членство нема да стане ‘следна Унгарија’. За да се постигне тоа, планот е Црна Гора, која е близу до завршување на преговорите за членство, да се искористи како ‘опитно глувче’. ‘Се изготвува генерален пристапен договор, што ги одредува идните поодделни пристапни договори за новите кандидатки за членство во ЕУ.“ – рече претставникот на ЕУ. Ова го објави денес аналитичкиот портал за европски прашања „Политико“ од Брисел во својата статија со наслов „Планот на ЕУ да ги спречи новите членки да станат ‘втора Унгарија“.

Самсунг (“Samsung”) доби 77 признанија на “iF Design“ Награди 2026

Самсунг е добитник на две златни награди за дизајни кои ги збогатуваат животите на луѓето и
награден со 77 трофеи во девет дисциплини, од дизајн на производи до корисничко искуство за телевизори, домашни апарати, паметни телефони и други уреди

To top