Македонија

Мухамед Аљи на местото на Стојанче Ангелов на чело на ЦУК

„Верувам дека за него ќе биде тешко да го следи моето работно темпо но исто така верувам дека е подготвен да даде се од себе за побргу да навлезе во спецификите на менаџментот со кризи“, изјави досегашниот прв човек на ЦУК Стојанче Ангелов при денешното примопредавање на функцијата на неговиот наследник на функцијата,  Мухамед Аљи. […]

„Верувам дека за него ќе биде тешко да го следи моето работно темпо но исто така верувам дека е подготвен да даде се од себе за побргу да навлезе во спецификите на менаџментот со кризи“, изјави досегашниот прв човек на ЦУК Стојанче Ангелов при денешното примопредавање на функцијата на неговиот наследник на функцијата,  Мухамед Аљи.

Аљи доаѓа на оваа позиција од Дирекцијата за заштита и спасување.

За Заменик директор на ЦУК е именуван Трајче Јовановски кој работи во ЦУК од 2008 година, моментално е на позицијата Помошник раководител на Сектор за аналитика, процени и стратешко планирање.

Нека им е честит изборот на двајцата, им посакувам добро здравје и успешна работа“, изјави Ангелов на примопредавањето на функцијата.

Тој од денеска е В.Д. Директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Стојанче Ангелов најави спојување на ЦУК и ДЗС

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top