Македонија

Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“: „’Алкалоид’ е пример дека Македонија може да се натпреварува глобално“

Компаниите од земјава и од регионот треба да ги напуштат локалните практики и да работат според глобалните правила и стандарди, доколку сакаат да бидат конкурентни и успешни на меѓународните пазари. Растот и развојот на „Алкалоид“ се резултат на децениско инвестирање во производство, истражување и развој, таленти, технологија и во регионална експанзија

Овогодишниот самит на организацијата „Македонија 2025“ обедини водечки бизнис-лидери од регионот, кои дискутираа за системските промени потребни за забрзан раст и за предизвиците со кои се соочуваат компаниите во процесот на интернационализација. На панелот посветен на прашањето како може регионот од потенцијал да создаде скалабилни и одржливи резултати се отворија клучни теми за конкурентноста, иновациите и задржувањето на талентите во Југоисточна Европа.

Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, говореше за трансформацијата на компанијата од регионален производител во глобално конкурентна фармацевтска компанија.

„Пресвртот се случуваше постепено како резултат на долгорочната и внимателно поставена стратегија. Визијата за глобализација започна со изградбата на новите производствени капацитети во раните 2000-ти години, додека, пак, клучниот исчекор кон европските пазари се случи во 2007 година, кога беше потврдена нашата усогласеност со стандардите ЕУ-GMP и кога го добивме првото одобрение за ставање лек во промет во Европската Унија. Денес ’Алкалоид’ има 1008 маркетиншки авторизации за лекови на пазарите во ЕУ.“

Мукаетов посочи дека фармацевтскиот сегмент денес учествува со 91 процент во вкупните продажби на компанијата, удел во кој предничи полусинтетскиот цефалоспорин – цефиксим, за кој „Алкалоид“ е водечки производител во Европа и Евроазија според волуменот на производство. Посебен акцент на панелот беше ставен врз важноста на човечките ресурси и врз проблемот на земјава и регионот со одлив на таленти, што директно влијае врз економскиот и иновативниот потенцијал.

Меѓу компаниите во регионот сѐ почесто се наметнува оцената дека образовниот систем не одговара на потребите на современиот пазар на трудот и дека е евидентен недостигот од практично подготвен и глобално конкурентен кадар. „’Алкалоид’ инвестира во сопствена академија, практикантски програми, дуално образование и во стипендии за студенти по медицина и фармација, со цел да придонесе за создавање и задржување квалитетен кадар во земјава. Како столбови на националните економии, големите компании треба да најдат начини за да ги задржат талентите тука.

Нашата стратегија за луѓето е и наша бизнис-стратегија“, порача генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, на Самитот „Македонија 2025“, нагласувајќи дека долгорочниот успех и позитивниот имиџ на компанијата се темелат врз организациска култура во која луѓето, довербата и развојот на таленти се врвен приоритет.

На панел-сесијата „Од потенцијал до перформанси: може ли регионот да скалира?“, модерирана од Методија Папазоски, член на Одборот на директори на „Македонија 2025“ и претставник на „EMBS Group“, учествуваа и Александар Сератлиќ, претседател на Надзорниот одбор на „Mercata VT Owner“ и член на надзорните одбори на „Vivex Group“, „Краш“ и „MPC Properties“; Ана Драшковиќ, потпретседател и регионален генерален менаџер за Југоисточна Европа во „VISA“, и Огњен Лазиќ, генерален директор на „Пивара“ Скопје.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top