Македонија

Муцунски на средбата со Варнс со честитки по повод 250-годишнината од независноста на САД – потврдено силното македонско-американско стратегиско партнерство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Никол Варнес. Соговорниците го потврдија силното македонско-американско стратегиско партнерство, изградено врз заемна доверба, споделени вредности и заеднички стратегиски интереси.

На средбата, министерот Муцунски упати искрени честитки по повод 250-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави, истакнувајќи дека овој значаен јубилеј претставува сведоштво за континуитетот, институционалната стабилност и трајната виталност на американската демократија и нејзините темелни вредности.

Беа разменети мислења за претстојниот Самит на НАТО во Анкара. Притоа беше потврдена заедничката посветеност на спроведувањето на целите, договорени на претходниот Самит во Хаг.

Посебно внимание им беше посветено и на следните чекори во спроведувањето на приоритетите утврдени на вториот состанок на Стратегискиот дијалог, одржан во април 2026 година, со нагласка на конкретни иницијативи и засилена институционална соработка

Најнови вести од: Македонија

Клучката кај Момин Поток ќе биде завршена до Нова година

Градежните работи на клучката кај Момин Поток се 75 проценти реализирани. Овој потег ќе биде завршен до Нова година, а по пуштањето во употреба сериозно ќе го намали метежот и ќе овозможи сугурен, безбеден сообраќај, рече денеска градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски изврши увид во градежните работи.

To top