Македонија

Муцунски разочаран, поради 10-годишната забрана за Менкиновски од Бугарија: МНР подготвува соодветна дипломатска реакција

Разочаран сум од односот на една земја членка на ЕУ кон нашите граѓани. Ние во минатото и со други наши соседи сме имале такви слични состојби. Секогаш сме реагирале по соодветен дипломатски пат, мерката и механизмот дополнително ќе ги процениме во рамките на институцијата, каква мерка и кој механизам ќе го искористиме што го имаме на располагање. Но јас не само што сум негативно изненаден, туку и длабоко разочаран од односот на една земја членка на Европската унија кон нашите граѓани – изјави Муцунски.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија подготвува соодветна дипломатска реакција по одлуката на бугарските власти за десетгодишна забрана за влез на адвокатот Тони Менкиновски во Бугарија, најави Муцунски на денешната прес-конференција во Владата. Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе биде упатена протестна нота, Муцунски истакна дека државата во минатото секогаш реагирала по соодветен дипломатски пат и оти дополнително ќе биде проценето кој механизам ќе се искористи во конкретниот случај.

Министерот Муцунски изрази разочарување од постапката на земјата членка на Европската унија. -Негативно изненаден како една земја членка на Европската унија се однесува кон еден наш граѓанин кој што имал една и единствена цел, а тоа е да штити права на група граѓани пред европските институции. И затоа, секако, ќе има соодветна реакција. Ние во минатото и со други наши соседи сме имале такви слични состојби. Секогаш сме реагирале по соодветен дипломатски пат, мерката и механизмот дополнително ќе ги процениме во рамките на институцијата, каква мерка и кој механизам ќе го искористиме што го имаме на располагање. Но јас не само што сум негативно изненаден, туку и длабоко разочаран од односот на една земја членка на Европската унија кон нашите граѓани – изјави Муцунски.

На прашањето дали ќе биде побарана осуда од евроамбасадорот во земјава и реакција од Брисел, министерот нагласи дека приоритет е преземањето конкретни дејствија од страна на државата за заштита на интересите и правата на македонските граѓани.

-Клучно е кои дејствија ние како држава ќе ги преземеме. Затоа што, на крајот на денот, политичката осуда, јас и да ја дадам и да не ја дадам, факт е дека во 21 век се случува репресија врз еден човек само заради тоа што веројатно си ја вршел работата. Тој е адвокат. Една од примарните обврски на адвокатот е меѓу другото и да ги заштитува оние кои сметаат дека им се повредени човековите права. И не сакам да верувам дека Европската Унија, во која што посакуваме да станеме полноправна членка, ќе застане на страната на едни вакви ретроградни дејствија и механизми кои што доаѓаат од нашиот сосед. Дали некој ќе одлучи да осуди или не, е во доменот на неговото лично одлучување – посочи Муцунски.

Адвокатот Тони Менкиновски, пред два дена, на 7 март, информираше дека Бугарија му забранила влез до 2036 година, и оти во официјалниот документ што го добил стоело дека наводно тој претставува закана за националната безбедност на Република Бугарија. Тој изрази сомневање дека ваквата мерка е директно поврзана со неговата работа како адвокат кој ги застапува Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур и истакна оти обвинението е сериозно, но е донесено без конкретно образложение и без претходна правна постапка. Забраната му била врачена на 6 март на влез во Бугарија.  (МИА)

Најнови вести од: Македонија

Расте интересот за сметководството: ИСОС со нови иницијативи за младите

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) изминатиот период спроведе низа активности за подигнување на атрактивноста на сметководствената професија и нејзина промоција меѓу студентите и средношколците

„Стандард и Пурс“ и „Фич“ го потврдија досегашниот кредитен рејтинг на Македонија

Македонија води кредибилни и конзистентни макроекономски политики поддржани преку долгогодишната политика на фиксен девизен курс, подобрите показатели за управуање во споредба со други земји со слични економски перформанси, како и посветеноста на реформи во рамки на процесот на пристапување во ЕУ. Ова го констатира кредитната агенција „Фич“ во последниот извештај со кој земјата го задржа и кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед.

Најнови вести

To top