Македонија

Муцунски: СДСМ да се извини за сите национални отстапки на штета на Македонија

Осум години по тие отстапки, односно веќе се приближуваме кон десет години, државата сѐ уште нема започнато преговори со Европската Унија, вели шефот на македонската дипломатија

СДСМ нема апсолутно никаков кредибилитет да предлага политики во областа на надворешната политика и би било подоблесно да се извини за сите грешки во минатото и да даде целосна поддршка на Владата, изјави шефот на македонската дипломатија во телевизиско гостување на Алсат.

Министерот Тимшо Муцуниски истакнува дека СДСМ направила сериозни национални отстапки на европскиот пат без никаков резултат.

„Осум години по тие отстапки, односно веќе се приближуваме кон десет години, државата сѐ уште нема започнато преговори со Европската Унија. Оттаму, резултатот од нивната политика најдобро се гледа преку она што го направиле и она што го постигнале#, заклучи тој.

Министерот истакна дека државата континуирано ја следи дискусијата во рамки на европските институции и различните дебати што се водат.

„Ние секако ја следиме дискусијата, како и различните дебати што постојат, но во овој момент наш неостварен стратешки, надворешнополитички приоритет на државата е отворањето на преговорите за членство и што побрзо полноправно членство во Европската Унија“ нагласи тој.

Околу начинот на кој се носат одлуките во Европската Унија, за евентуална промена на методологијата или на правилата поврзани со проширувањето, Муцунски вели дека е потребен консензус.

„Според тоа што го слушаме, постојат повеќе различни идеи за тоа како одредени земји членки или групи на земји членки, па дури и Европската комисија, ја гледаат иднината на политиката за проширување. Но, она што е јасно е дека, барем во овој момент, нема консензус по ниту едно од овие алтернативни решенија.“, вели Муцунски

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

Најнови вести

To top