Македонија

Муцунски во Даблин: Поддршка за евроинтеграциите на Македонија

Посетата се реализира во пресрет на ирското претседавање со Советот на ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска ќе престојува во Даблин, каде што ќе оствари работна посета на Ирска.

Во рамки на посетата, предвидена е средба со ирската министерка за надворешни работи и одбрана, Хелен Мекенти.

Муцунски во работна посета на Германија, Обединетото Кралство и Ирска

Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, покрај билатералните односи меѓу двете земји, значаен дел од разговорите ќе биде посветен на претстојното шестмесечно претседавање на Ирска со Советот на Европската Унија, како и на актуелните европски и регионални прашања.

За време на престојот во Даблин, Муцунски ќе има средби и со пратеници и членови на Заедничкиот комитет за прашања поврзани со Европската Унија во двата дома на ирскиот Парламент. Воедно, тој ќе се обрати и во Институтот за меѓународни и европски работи (IIEA), еден од најреномираните ирски истражувачки центри што се занимава со меѓународни односи, европски политики и безбедносни прашања.

Од Министерството посочуваат дека посетата се реализира во пресрет на ирското претседавање со Советот на ЕУ и претставува можност за дополнително продлабочување на билатералната соработка.

Истовремено, таа има за цел да обезбеди континуирана поддршка за европската перспектива на државата, процесот на проширување на Унијата и спроведувањето на реформите неопходни за напредок кон полноправно членство во Европската Унија.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top