Македонија

МВР: Ива Михајлова избега од Македонија

За бугарските медиуми изјави дека легално ја поминала границата, но според МВР не е евидентиран нејзин излез од државата

Ива Михаилова од Кочани, која е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, според одговорот кој го добивме од МВР, се заклучува дека најверојатно избегала во Бугарија.

И Ива Михаилова замина на „лекување“ во Бугарија

Поточно Михајлова за бугарските медиуми изјави дека легално ја поминала границата, но според МВР не е евидентиран нејзин излез од државата.

-Во однос на лицето за кое прашувате, Ве известуваме дека се извршени проверки во системот за гранична контрола на Министерството за внатрешни работи, при што е утврдено дека за наведеното лице нема евидентиран излез од територијата на Македонија, одговорија од МВР за ,,Фокус”.

Инаку, Ива тргна по стапките на нејзиниот татко Симеон Михаилов:

Тој е правосилно осуден на 12,5 години затвор за обид за убиство на телохранителот на Сашо Мијалков Драганчо Стоименов .

За Михаилов, МВР објавимеѓународна потерница за отслужување на затворската казна.

Очигледно заштитен од бугарските власти тој во појавување на телевизии ја нарече Македонија „сурова земја“ бидејќи, според него, неговата ќерка Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици во Кочани, не добива право да ја напушти државата за лекување додека не заврши судскиот процес.

 

Најнови вести од: Македонија

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

Изгор цени во Охрид: Квадратот на атрактивните локации над 3.000 евра

​Најбарани се помалите и функционални станови од 40 до 50 квадратни метри со една спална соба за туристичко издавање. Покрај купувачите од цела Македонија, висок интерес покажуваат и пензионери од западноевропските земји, лица кои работат во странство како и дијаспората.

To top