Македонија

МВР со првични детали: Запленети над 40 тони дрога, акцијата продолжува

Акцијата која трае неколку денови

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тони марихуана и биомаса.

Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија  потекнува од нашата држава.

Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство  сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана. Исто така, извршени се проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.

Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.

МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

(Фото): Како ќе изгледа и кога ќе биде готова Универзална сала?!

Објектот беше значително оштетен во пожарот што избувна на 9 април 2024 година, само по еден месец откако, по пауза од две години, продолжија градежните работи за негова реконструкција. Од пожарот беше зафатена старата конструкција. Веднаш по пожарот, од градежната фирма посочија дека, најверојатно, се запалил стар кабел или некоја стара инсталација.

„ТАВ Македонија“ втора година по ред добитник на сертификатот Great Place To Work®

Компанијата Great Place To Work® е глобален авторитет за културата на работното место, којашто има 30 годишно искуство со револуционерни истражувања и податоци со кои им помага на многу компании да станат одлично место за работа за сите. Се фокусира на присуството на вработените и на лидерското однесување и докажано е дека обезбедува водечки приходи во пазарни услови, задржување на вработените и робустни иновации.

To top