Македонија

„Н.М“: Изјавата на Рама дека Албанците во РМ се „државотворен народ“ е закана за територијалниот интегритет и обид да се претвори во двонационална „албанско-македонска држава“!

„Грубо и дрско мешање во внатрешните работи на суверена Република Македонија е изјавата на албанскиот премиер Еди Рама, со која ги прогласи македонскитe Албанци како ‘државотворен народ’ во македонската држава. Според истакнати европски и светски експерти за политички науки, меѓународни односи, за уставен систем и геополитика, ‘обид за редефинирање на уставниот поредок на соседната земја и ширење на политичкото влијание надвор од границите на сопствената држава’ е кога премиер на една земја ги прогласува неговите сонародници, од иста националност, во друга земја како ‘државотворен народ’ (‘state-forming people’). Според анализите на странски политиколози и уставни експерти, ваквите изјави претставуваат и предизвик кон суверенитетот, но и на територијалниот интегритет на другата држава, во која тамошното малцинство се прогласува како ‘државотворен народ’. Во тој контекст се и заканите на лидерот на ДУИ Али Ахмети за ‘одброените денови на Македонија, ако нема заедничко совладени со Албанците“! “ – имаше објавено весникот „Нова Македонија“ во својата редакциска анализа „Падна уште една маска од колективните амбиции на Тиранската платформа“, објавена на 16 април 2026 година.

Покрај другото, весникот во својата анализа имаше објавено:

 Што откриваат пораките од четвртиот самит на албанската дијаспора во Тирана

 Преку пораките искажани на четвртиот самит на албанската дијаспора одржан во Тирана, на кој учествуваа и претставници на албанските партии во Македонија, всушност се препознаваат и демаскираат албанските определби за придржување до целите на т.н. Тиранска платформа, независно од политичката состојба во регионот, вклучувајќи ја и Македонија.

Дали албанскиот премиер Еди Рама и неговиот голем македонски пријател, лидерот на ДУИ Али Ахмети, настојуваат координирано да ја вратат во живот Тиранската платформа од 2017 година, постигната на средбата на Рама со претставници на албански партии од Македонија, која беше одржана тогаш во Тирана? Или се обидуваат да продолжат каде што се подзапрело со остварувањето на овој „сеалбански документ“, насочен против уставниот поредок и политичкиот систем на унитарна Македонија, со цел таа да биде втурната во процес на федерализација, односно да биде претворена во некаква двонационална „албанско-македонска држава“?!

Можниот одговор на овие прашања се наѕира во искажувањата на Рама и Ахмети на четвртата средба со албанското иселеништво (обрнете внимание: повторно во Тирана!) на  14 април 2026 година. Покрај другите, и лидерот на опозициската ДУИ Ахмети беше меѓу големиот број гости на четвртиот самит на албанската дијаспора, што се одржа во Тирана, во организација на албанскиот премиер Рама. Преку пораките искажани на настанот, всушност, се препознаваат и демаскираат албанските определби за придржување до целите на т.н. Тиранска платформа, независно од политичката состојба во регионот, вклучувајќи ја и Македонија.

Рама се меша во внатрешните работи на Македонија

Значителен дел од својот говор на средбата со албанската дијаспора Рама им посвети на Албанците во регионот, велејќи дека „иднината на Албанија не е напишана само во Тирана туку во секоја земја каде што живеат Албанци“. Но албанскиот премиер посебно изнесе „пофалба за придонесот на Албанците во С. Македонија“, притоа „потсетувајќи“: „Никој не треба да заборави дека Албанците од С. Македонија се државотворен народ на оваа соседна и пријателска република.“.

Грубо и дрско мешајќи се во внатрешните работи на суверена Република Македонија, албанскиот премиер Еди Рама ги прогласи македонскитe Албанци како „државотворен народ“ во македонската држава. Според истакнати европски и светски експерти за политички науки, меѓународни односи, за уставен систем и геополитика, „обид за редефинирање на уставниот поредок на соседната земја и ширење на политичкото влијание надвор од границите на сопствената држава“ е кога премиер на една земја ги прогласува неговите сонародници, од иста националност, во друга земја како „државотворен народ“ (state-forming people). 

 

Според анализите на странски политиколози и уставни експерти, ваквите изјави претставуваат и (1) предизвик кон суверенитетот, но и територијалниот интегритет на другата држава, во која тамошното малцинство се прогласува како „државотворен народ“, и (2) притисок за уставен дуализам (двојство) во политичкиот систем на таа друга држава, во таа уставноправна смисла што би се претворила во консензуална држава на две или повеќе нации (со воведена етничко-договорна „демократија“), поправо функционирајќи како двокантонална, територијално преуредена како федерација. 

Во тој контекст, анализирајќи различни европски примери на применување „политика на заштита на свои сонародници“ и нивно прогласување како „клучни политички чинители“ во други држави, д-р Агнија Григас предупредува дека тоа може да се користи како „политичко оружје“. Григас е европски експерт за геополитика и меѓународни односи и непостојан виш научен истражувач во Атлантскиот совет во Вашингтон.

 

Закани на Али Ахмети за „одброените денови на Македонија“!

Во панел-расправата на самитот на албанската дијаспора во Тирана, на која присуствуваа и главните дипломати на Косово и на Албанија, Али Ахмети упати заканувачки пораки кон Македонија во врска со статусот на Албанците и на албанскиот јазик. – Македонија има иднина само во коегзистенција, во совладеење со Албанците. Без Албанците, Македонија не може да преживее и нејзините денови се одброени – рече Ахмети.

Што содржи Тиранската платформа од 2017 година?!

За да се разберат подобро и поцелосно изјавите што ги дадоа албанскиот премиер Еди Рама и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, потсетуваме на дел од клучните одредби од таканаречената Тиранска платформа, усвоена на средината на „тркалезната маса“ во Тирана, свикана од Еди Рама, на која присуствуваа Ахмети и ДУИ, како и претставници на други албански партии од Македонија. Оваа платформа претставуваше „главен репер“ и основа на дејствувањето на ДУИ во наредните години во рамките на Владата на Македонија.

„Се согласуваме за заемна поддршка на заедничката политичка агенда што предвидува реализација на следните цели, во идниот владин мандат и/или во секој натамошен мандат: Постигнување целосна рамноправност во согласност со Охридскиот договор и Уставот. Правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на РМ, каде што Албанците се сметаат како државотворна нација, поддржување на секаква правна и уставна иницијатива што ja зајакнува националната рамноправност за албанското население. Сеопфатна дебата за знамето, химната и државниот грб на Република Македонија со цел државните симболи да ги одразуваат општествената мултиетничност и етничката рамноправност.“ – пишува, покрај другото во „Тиранската платформа“ од 2017 година, постигната под „патронат“ на албанскиот премиер Еди Рама, објави „Нова Македонија“ во својата спомената анализа.

 

„Нова Македонија“

 

 

Најнови вести од: Македонија

Муцунски на средба со Клаудија Бауер: Проширувањето на ЕУ е геополитичка неопходност за стабилност и безбедност

На средбата стана збор за актуелните состојби и приоритети поврзани со европската агенда на државата, при што министерот Муцунски информираше за напредокот во спроведувањето на Планот за раст и Реформската агенда.

„Хорор-приказна“: Родители дозволиле малолетници ќерки да живеат во вонбрачни заедници, едната била и силувана!

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривични пријави против четири лица поради сомнение за сторени кривични дела поврзани со вонбрачен живот со малолетници, а едно лице се гони и за силување на дете помладо од 15 години. Како што соопшти МВР, пријавени се О.Л. (49) од Делчево и Н.Л. (38), како и Н.П. (27) […]

Започна укинувањето на „Пржинската“, „техничка влада“ – доста е веќе со „пржинските експерименти“ со Македонија!

„Со 67 гласа за и 13 против – сите од опозицијата, Собранието ја утврди потребата од донесување на измени на законот за Влада, со што се предлага укинување на Пржинската, односно техничката влада. Од СДСМ бараат измените да бидат донесени со консензус исто како и кога беа усвоени претходно, а не како што сега е предложено, по скратена постапка. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски рече дека токму по барање на Христијан Мицкоски донесени се потоа измени техничката влада да функционира се до влегувањето на земјава во ЕУ.“ – објави ТВ 21 во својата статија „Почна процесот на укинување на Пржинската влада – опозицијата против и бара консензус, власта вели тоа е надминато решение“.

Македонија бара од Грција да ги укине биометриските проверки летово – Ќе има ли олеснување на граница?!

Засега – нема официјална одлука, но постои реална можност да има олеснувања. Македонските туристички власти, преку Туристичко-угостителската комора, веќе испратиле барање до Министерство за туризам на Грција македонските туристи привремено да бидат изземени од примената на ЕЕС во периодот од 1 јуни до 30 септември – односно во шпицот на летната сезона.

Мицкоски: Европа нема да биде силна, ако нејзините делови останат слаби! – Градиме држава што нуди сигурност, а не неизвесност

„Има моменти кога Европа мора да избере: дали ќе реагира или ќе води. Денес сме токму во таков момент. Живееме во време на преиспитување. Време кога сигурноста не се подразбира, кога енергијата станува политика, заедно со економијата се прашање на опстанок. Во такви околности, зборовите имаат помала тежина од одлуките, а декларациите вредат онолку колку што сме подготвени да ги спроведеме. Ние сме подготвени сме да работиме. Подготвени сме да донесуваме одлуки. Подготвени сме да остваруваме резултати. И затоа веруваме дека со партнерство што се темели на доверба и конкретни проекти, ќе изградиме нешто што ќе трае подолго од еден мандат, подолго од една криза, подолго од една генерација. А Европа не смее да биде само идеја. Европа мора да биде резултат.“ – истакна премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски на прес-конференција во Виена.

Најнови вести

To top