Македонија

На електричен тротинет само полнолетни – и тоа со кацига

Согласно измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, минималната возраст за управување електричен тротинет е зголемена од 14 на 18 години

 

Со новите законски измени кои стапија во сила, електричниот тротинет станува превозно средство со построги правила, со цел да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Максималната дозволена брзина на велосипедски патеки и велосипедски ленти останува до 20 километри на час, додека на тротоари, пешачки и мешани патеки возењето е ограничено до 6 километри на час.

Со измените се воведуваат повеќе обврски за корисниците:

– При преминување преку коловоз или пешачки премин, доколку нема велосипедска патека или лента, возачот мора да се симне од тротинетот и да го турка.

– Во случај на превоз на сопатник, ќе бидат казнети и возачот и лицето што се превезува.

– Носењето заштитна кацига станува задолжително за сите возачи.

– Останува обврската за носење рефлектирачки елек при ноќно возење или при намалена видливост.

Новите правила предвидуваат и построги санкции. Покрај паричните казни, за одредени прекршоци ќе може да следува и привремено одземање на електричниот тротинет во период од 30 дена.

Доколку прекршокот го направи дете, одговорноста ќе ја сносат родителите или старателите.

Измените следуваат по анализите на сообраќајните незгоди во периодот од 2024 година до мај 2026 година, кои покажале сериозни последици кај возачите на мопеди, електрични тротинети и мотоцикли.

Во овој период, во пријавени сообраќајни незгоди учествувале 2.352 возачи на овие превозни средства. Од вкупниот број на настрадани, 46 лица го загубиле животот, 585 се здобиле со тешки телесни повреди, а 1.347 лица со полесни телесни повреди.

Најнови вести од: Македонија

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

„Дали ти изгледам како идиот?!“ – сопственикот на „Авалон“ кон новинарка, која праша колку ќе чини концертот на Дејвид Гета

Дали ти изгледам јас како идиот? Вака сопственикот на „Авалон продукција“ Бобан Милошески, ѝ се обрати на новинарка, која на денешната прес-конференција го праша зошто досега не е објавено во јавноста колку ќе чини настапот на Дејвид Гета. Ова го објави порталот „360 степени“

Во основните училишта во Гази Баба државна химна пред наставата секој понеделник – Стефковски: Македонија е сѐ што имаме!

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски преку својот профил на Фејсбук ја образложи одлуката за воведување на оваа практика во училишните клупи.

Кузманоска: Во следните години Македонија треба да врати долг од околу 8 милијарди евра, направен од власта на СДС и ДУИ, а не се знае за што ги потрошија!

„Кога СДС зборува за задолжувањето мора да се потсетиме на многу важен факт: во следните неколку години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра, земени кога беа на власт СДС и ДУИ. Не се создадени вчера долговите, што треба да ги враќа Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денес и во следните години.“ – нагласи Билјана Кузманоска, пратеничка од ВМРО ДПМНЕ во денешното обраќање кон јавноста. 

Сиљановска-Давкова: Заветот од АСНОМ не’ обврза каква држава да создадеме

Дрржава не се гради само со демократските избори и со конституирањето на институциите, туку со градење на функционални институции, со одбрана и заштита на човековите права и со почитување на највисоките стандарди, не само на домашното туку и на меѓународното право, порача претседателката на Македонија

Најнови вести

To top