Македонија

Над 120 македонски уметници ќе бидат дел од проектот за одбележување на 35 години независност

Митева истакна дека, иако интернационалните ѕвезди заслужуваат почит, токму македонските уметници и националната култура го носат духот и идентитетот на државатa

Владата најави дека над 120 македонски уметници ќе бидат дел од централниот проект за одбележување на 35 години независност на Македонија, кој, според портпаролката Марија Митева, претставува еден од најзначајните културни проекти во изминатите три и пол децении.

На денешната прес-конференција, Митева истакна дека, иако интернационалните ѕвезди заслужуваат почит, токму македонските уметници и националната култура го носат духот и идентитетот на државата.

„Македонските уметници, македонската култура се оние коишто го носат духот на една нација“, рече Митева, додавајќи дека Владата е особено горда што успеала да реализира проект во кој ќе бидат вклучени повеќе од 120 домашни уметници.

Таа упати благодарност до сите учесници во проектот, како и до уметниците кои, како што рече, не биле во можност да присуствуваат на денешната прес-конференција.

Митева најави дека Владата во наредниот период, етапно, ќе ги соопштува и останатите проекти што ќе бидат дел од програмата за одбележување на 35-годишнината од независноста на државата.

Според неа, целта е јубилејот да биде одбележан достоинствено, со акцент на македонската култура и уметност како еден од најважните столбови на националниот идентитет.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

Најнови вести

To top