Македонија

Дали „виси“ членството на Славјанка во СДСМ?

Славјанка Петровска во средата беше дел од членовите на СДСМ од разни генерации, активисти, аналитичари, правници и професори, на кој беше промовирана иницијативата „Разговори за иднината во 12:05“, чија цел е подигнување на нивото на општествената дебата во земјава

Органите и телата на СДСМ следната недела ќе дискутираат за учеството на пратеничката од оваа партија Славјанка Петровска на настанот под името „Разговори за иднината во 12:05“, изјави денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Тој одгововараше на новинарско прашање дали ќе бара одговорност од пратеничката поради нејзиното учество во платформата и дали можеби ја прашал од што е незадоволна во Социјалдемократскиот сојуз.

„Во однос на конкретното прашање ќе одговорам конкретно, органите на партијата ќе дебатираат во текот на следната недела“,  рече Филипче.

Славјанка Петровска во средата беше дел од членовите на СДСМ од разни генерации, активисти, аналитичари, правници и професори, на кој беше промовирана иницијативата „Разговори за иднината во 12:05“, чија цел е подигнување на нивото на општествената дебата во земјава.

Претходно, одговарајќи на прашање, Филипче оцени дека платформата претставува уште еден политички проект на Христијан Мицкоски, кој од СДСМ го нарекуваат „ЗНАМ 2.0“, чија единствена цел, како што кажа, е дополнително да се фрагментира опозицијата и да се ослабне СДСМ.

Дали е на повидокуште една пресметка, допрва ќе се види.

СДСМ: Петар Арсовски е човек без морал и без срам

 

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора со план за економски развој на Зелениково и Чучер-Сандево, ќе има и нови инвестиции

Стопанската комора на Северна Македонија ќе им обезбеди поддршка на општините Зелениково и Чучер-Сандево за поттикнување на локалниот економски развој, подобрување на деловната клима и искористување на европските фондови. Меѓу приоритетите се развојот на руралниот и алтернативниот туризам, унапредувањето на инфраструктурата и формирањето заедничка бизнис-заедница.

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

To top