Македонија

Нападот на СДСМ врз Героски отвора можност за две истраги на Јавното обвинителство

За втората основа ќе биде интересно да се анализира како се движеле парите од јавните кон тајните сопственици на Слободен Печат што може да доведе до истрага за кривични дела поврзани со финансиски криминал

Доколку Македонија беше земја каде владее правото денешниот грозоморен напад на СДСМ врз Героски отвора можност за реакција на Јавното обвинителство.

Правни експерти меѓу кои има и луѓе блиски на СДСМ велат дека од досега изложеното во објавата на Бихаќка и од одговорот од Героски може да се заклучи дека Јавното обвинителство може да почне истрага за две кривични дела.

Дел од експертите сметаат дека напад од политичка партија врз новинар кој содржи навреди и лажни тврдења не е само обична навреда и клевета туку говор на омраза.

Според анализата основата за истрага за говор на омраза од СДСМ е најчиста во делот на употребата на зборот ,,Фрфљо” за Героски.

Навредливото именување на Героски како ,,Фрфљо” за прв пат беше употребен во обид да се навреди Героски дека има проблем со говорот односно дека не се разбира целиот негов говор кога вербално јавно се обраќа.

Доколку Јавното обвинотелство утврди дака СДСМ го навредува Героски за својата физичка мана или здравствена, генетска или некаква медицинска состојба тогаш обвинителството може да го гони СДСМ за говор на омраза.

Героски има право сам да ја тужи СДСМ но и Јавното обвинителство може да преземе чекори, тврди искусен адвокат.

Иако во членот 394-г кој се однесува на Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем не се споменува директно физичка состојба сепак овде се работи за дискриминациија на Героски која иатовремено се однесува на сите лица кои имаат некаква физичка состојба која во случајов СДСМ ја дефинира како ,,Фрфљо”.

Член 394-г
(1) Тој што преку компјутерски систем во јавноста шири расистички и
ксенофобичен пишан материјал, слика или друга репрезентација на идеја
или теорија која помага, промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз основа на раса, боја на кожа, национално или етничко потекло, како и верско уверување, ќе се казни со затвор од една до пет години.

Другата основа за реакција на Јавното обвинителство е откритието на Героски дека Зоран Заев и сопственикот на весникот ,,Слободен Печат” Драган Живковиќ имале скриено сопствеништво на медиум.

Героски во одговорот до СДСМ дава простор Јавното обвинителство да покрене истрага против Зоран Заев и Драган Живковиќ.

,,Јас бев човекот кој ги спои идните формални и неформални сопственици на „Слободен печат“. На една заедничка средба, во состав по мој избор, јас, лидерот на СДСМ Зоран Заев, Драган Живковиќ, Роберт Поповски (тогаш советник за медиуми во владата на Заев) и Владимир Милчин, ги договоривме клучните детали на проектот.

Потоа на тој состанок се отвори прашањето на сопственоста. Со оглед дека финансиери на проектот беа Заев и Живковиќ, падна одлука уделите да се поделат ферски, меѓу нив двајцата, во сооднос 50:50.

Драган Живковиќ во тоа време беше сопственик или косопственик на маркетинг агенција и не сакаше да има формално сопствеништво во весникот (тоа се случи подоцна, по моето заминување од „Слободен печат“). Така, сопственик на 50% од уделите стана драгиот постар и ценет колега Градимир Јовановиќ Киби, чиј син, Мирослав Јовановиќ, подоцна стана и денес е директор во „Слободен печат“. Инаку, сите тогашни уредници и новинари знаеја за ролјата на Живковиќ, бидејќи тој постојано беше присутен во редакцијата така речи од првиот ден, учествуваше во донесувањето на сите важни и помалку важни одлуки и даде несомнен придонес за развој на проектот.

Зоран Заев имаше многу сериозни законски и етички пречки да биде сопственик или косопственик на медиум. Тој беше лидер на партија. Затоа избра друго лице да ги претставува неговите 50% удели. Но, подоцна, кога дојде на власт, Заев реши своите удели да му ги продаде на сопственикот на српски „Курир“, Александар Родиќ”, пишува Героски.

Според македонските закони не е дозволено тајно содружништво или таен скриен сопственик.

Овде според експертите ќе биде интересно да се анализира како се движеле парите од јавните кон тајните сопственици на Слободен Печат што може да доведе до истрага за кривични дела поврзани со финансиски криминал.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Граѓаните на протест побараа дислокација на „Усје“, од компанијата велат дека работат исправно и чесно

Дислокација на фабриката „Усје“ надвор од градот, побараа денеска граѓаните на протестот на раскрсницата меѓу булеварите Борис Трајковски и Србија“ во Скопје, на околу 5 километри од центарот на градот. Како што рекоа организаторите на протестот, граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, цементарницата континуираното го загадува воздухот во Скопје.

Без ниту еден глас против, донесен е буџетот на Град Скопје – следува преродба на градот

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека Советот на Град Скопје едногласно го усвои Буџетот за 2026 година, без ниту еден глас против, со што се поставуваат темелите за силен развоен циклус и финансиска консолидација на градот. Новиот буџет претставува јасен доказ дека со ред, визија и одговорна работа се постигнуваат конкретни резултати во интерес на граѓаните и иднината на Скопје.

Касами: Го бараме најдобриот модел час поскоро коалицијата Вреди да стане една партија и за избор на нејзин лидер

Претседателот на Движењето Беса Билал Касами, кој е и еден од лидерите на коалицијата Вреди, денес се осврна на спојувањето на оваа коалиција во една партија. За ова, тој нагласи дека се во комуникација со сите функционери на Вреди. Касами додаде дека секој член на секоја партија има право да ги искаже своите ставови за натамошниот пат на Вреди, за да можат, како што рече, да го пронајдат најкраткиот и најдобриот пат да стане Вреди една политичка партија час поскоро.

Стандардот, минималецот, струјата и балансерот на политички мегдан – жестока дебата во Собрание

Жестока расправија во Собранието меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче за енергетската криза, поскапувањето на струјата и политичките обвинувања.

Шиповиќ: Половина од Извршниот одбор се „омрсија“ додека беа на власт! Оваа банда на криминалци ни го украдоа СДСМ!

Поранешниот функционер на СДСМ и некогашен претседател на Советот на скопската општина Центар Мирослав Шиповиќ се нареди меѓу оние социјалдемократи, кои  жестоко го критикуваат сегашното партиско раководство дека е заинтересирано само за лични придобивки. Тој е член на СДСМ и поранешен претседател на Советот на Општина Центар во 2013 година во периодот кога Андреј Жерновски беше градоначалник.

Најнови вести

To top