Македонија

Не помина барањето за интерпелација за министерот Трипуновски

Само 21 пратеник гласаа за отповик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство наспроти 62 против

Со 62 гласа „против“, 21 „за“ и ниту еден „воздржан“, Собранието вечерва го отфрли барањето за интерпелација за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, поднесена од пратеници од СДСМ и од „европскиот фронт“ на ДУИ.

Опозицијата бараше оставка од министерот поради „катастрофалните резултати, намалените субвенции, неисполнетите ветувања, падот на откупните цени, блокираните европски средства, коруптивните скандали и огромното незадоволство кај земјоделците“.

Владејачкото мнозинство, пак, барањето го оцени како беспредметно, неосновано, неиздржано и како обид за дефокусирање на јавноста од вистинската одговорност за „пустошот, долговите и девастацијата што во земјоделството ги остави претходната власт на СДСМ, предводена од поранешниот министер Љупчо Николовски“.

Самиот Трипуновски уште пред два месеца му порача на Николовски: „Интерпелацијата ти е беззначајна како запленетите 30 килограми путер“.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top