Македонија

Не сакаат децата да им останат без училиште (ВИДЕО)

13 ученици од први септември ќе мора да одат на училиште во соседното село одалечено два ккилометри

Родителите на 13 ученици од прво до петто одделение од село Долни Балван реагираат против најавената оптимизација и затворање на подрачното училиште поради што нивните деца од 1 септември треба да посетуваат настава во соседното село Таринци.

Тие вчера доцна попладнево, како што пренесува МИА, присуствувале на седницата на Советот на Општина Карбинци, каде што се усвојувал Планот и програмата за работа на Општинското основно училиште „Страшо Пинџур“, под чија надлежност се сите подрачни училишта во општината.

Родителот Николче Драгев истакна дека дошле за да проверат дали советниците ќе имаат слух за нивниот проблем.

„Станува збор за проблем за 13 дечиња кои сакаат да ги префрлат, кои се на мала возраст. Сакаат да ги префрлат од Долни Балван во Таринци, таму да учат, да патуваат и да се малтретираат по патиштата. Ние тоа не го сакаме, не сакаме тоа да се случи“,вели Драгев.

И Викторија Манева, родител изразува загриженост за безбедноста на учениците и не верува во ветената организација на превозот.

„…Многу е лесно да се изгласа, да се затвори. Има родители што се од нашето село, пример, шофери. Детето оставено на баба, на дедо, не дај Боже да се случи нешто, како ќе отиде таа жена да го земе тоа дете? А тука ни е блиску, во Балван“,вели Манева.

Од друга страна, градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов, негира дека се гласало за затворање на училиштето, но нагласи дека условите во објектот се несоодветни за децата. Тој покажа и фотографии од состојбата на училиштето во Долни Балван.

„Не може училиште со број на деца надвор од законот да биде предмет на дискусија и да се пазариме дали треба да остане или не. ​Само за јавноста, еве го училиштето во Долни Балван, ќе покажам неколку фотографии, ова е состојбата. И замислете за 13 дечиња коишто родителите и јавноста бара да учат во ова училиште коешто е ризик, Општината изработи проект за реконструкција со елаборат. Училиштето треба да биде делумно срушено и реконструирано, а тие можеби се изманипулирани од други лица или можеби политика е вмешана во целиот процес, тие да учат во ова училиште“,вели Паунов.

Паунов нагласи дека Општината, Министерството за образование и наука и раководството на ООУ „Страшо Пинџур“ не смеат да дозволат децата да следат настава во несоодветни услови, особено што, како што посочи, во соседното населено место има ново училиште на помалку од два километри.

„Далечината во соседното населено место е само два километри или помалку од два километри, така што апсолутно имаме чиста ситуација за овие дечиња да имаат можност да посетуваат настава во едни нормални, достоинствени услови во поголема група на нивни соученици“,додава тој.

Градоначалникот појаснува дека според законот, комбинирана паралелка може да има максимум до 10 ученици, каков што е случајот во селото Крупиште со девет ученици, каде што училиштето продолжува со работа, додека бројката од 13 ученици во Долни Балван го надминува тој лимит и го оневозможува формирањето на таква паралелка.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

Се разгледуваат две локации за новиот Клинички центар во Скопје – вложувања во здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево

Две локации во близина на болницата „8 Септември“ се разгледуваат за изградба на новиот клинички центар во Скопје, а преговорите за изборот на парцелата треба да завршат до крајот на годинава, најави премиерот Христијан Мицкоски. Истовремено, Владата подготвува инвестиции во три здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево, при што реализацијата на првиот проект би можела да започне во летото 2027 година.

To top