Македонија

Не само на Табановце и на Богородица, денеска се чекаше два часа на Ќафасан

Стотици патници денеска се „вареа“ во возилата на 35 степени Целзиусови на македонско-албанската граница

Медиумите известуваат речиси исклучиво за долгите колони на граничните премини Табановце на македонско-срепската граница и на Богородица на македонско-грчката, но денеска се чекаше дури и подолго на македонско-албанската граница на преминот Ќафасан.

Цели два часа на пеколни 35 степени Целзиусови стотици патници чекаа во возилата на граничниот премин кај Струга.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

To top