Македонија

Не спречиле палење факели, внесувале неточни податоци: Поднесено обвинение против 13 полицајци

Обвинение за четворица началници и девет полицајци

Поднесено е обвинение против 13 полициски службеници – четворица началници и девет полицајци, кои спроведувале акциска контрола во дискотеката „Пулс“ во Кочани вечерта на 16 март минатата година кога се случи пожарот, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Тие, како што информираа денеска на брифинг во ОЈО ГОКК со предметната јавна обвинителка Ивана Алексова-Трајчева, се обвинети дека како соизвршители сториле кривично дело тешки дела против општата сигурност по чл. 292 ст. 2 в.в со чл. 288 ст. 3 в.в со ст. 2 в.в. со чл. 22 од Кривичниот законик.

Некои од обвинетите, постапувајќи по наведениот план за акциска контрола во кабарето „Пулс” во Кочани, на критичната ноќ на 16 март 2025 година не презеле соодветни мерки за заштита за присутните лица, ниту мерки да се спречи активирање пиротехничка опрема на сцената, иако употребата на пиротехниката не била пријавена во ПС Кочани.

Обвинението што предметниот обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК, денеска го поднесе до Основниот кривичен суд Скопје се темели на истражни постапки, во кои беа опфатени 27 полициски службеници.

За сите обвинети лица, како што појаснуваат од Обвинителството, остануваат во сила мерките за обезбедување на нивното присуство во постапката до одлука на надлежниот суд.

Според обвинението, обвинетите во временскиот период од 14 до 16.3.2025 година не постапиле во согласност со прописите за мерките за заштита одобрувајќи и спроведувајќи план за акциска контрола на угостителски објекти на подрачјето на ПС Кочани, без да проверат дали тој ги има опфатено сите проверки што се во надлежност на МВР, како и дали се почитувани одредбите од стандардните оперативни процедури за процена и управување со ризик при вршење полициски работи.

– Како последица на несоодветните услови за работа во текот на акциската контрола, настанал пожар, при што придонеле за настапување смрт на 63 лица, а 223 лица добиле тешки телесни повреди и телесни повреди – посочуваат од Обвинителството.

Покрај ова, до Основниот кривичен суд Скопје е поднесен и обвинителен предлог против девет полициски службеници обвинети за злоупотреба на службената положба и овластувањето.

– Обвинетите не извршиле целосна и детаљна проверка во врска со издавање позитивна согласност за издавање лиценца за вршење угостителска дејност на кабарето „Пулс“ во Кочани и овозможиле да добие лиценца во 2022 и 2023 година, а со намера да прибават имотна корист за правното лице во вкупен поголем износ од 284.576,00 денари за 2022 година и имотна корист за неформалниот сопственик на клубот во вкупен поголем износ од 335.916,00 денари бруто-плата – нагласуваат од Обвинителството.

Дополнително, до Основниот кривичен суд Скопје е поднесен и обвинителен предлог против тројца полициски службеници, кои не ги извршиле своите должности.

null

– Обвинетите при изготвувањето записници за извршена контрола во клубот, во кои констатирале сторени прекршоци по чл. 21 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, внеле неточни податоци за правното и за одговорното лице и дозволиле да бидат поведени прекршочни постапки против неактивно правно лице и против физичко лице со намера за правното и за физичкото лице да прибават имотна корист – појаснуваат од Обвинителството.

Во однос на уште седум полициски службеници, јавниот обвинител донесе наредба за запирање на истражната постапка. Имено, постапувајќи по наводите од кривичната пријава поднесена од МВР поради постоење основано сомневање дека сториле кривично дело тешки дела против општата сигурност, јавниот обвинител во текот на истрагата презеде повеќе дејства со цел правилно и целосно утврдување на фактичката состојба.

Притоа е утврдено дека на овие полициски службеници им се ставаат на товар дејства што ги презеле во временскиот период од 7.12.2012 година до 21.1.2022 година, односно на 7.12.2012 година, 10.2.2018 година, 24.1.2019 година, 13.1.2022 година и на 21.1.2022 година.

Имајќи предвид дека надлежноста на специјализираното одделение е воспоставена од 7.11.2018 година, од Обвинителството посочуваат дека предмет на кривично-правна оценка во оваа постапка беа само дејствата преземени од 2019 до 2022 година, а за другите предметот е испратен на надлежно постапување во ОЈО Кочани.

– Во конкретниот случај е утврдено дека полициските службеници, во согласност со чл. 6 од Законот за угостителската дејност биле надлежни да вршат проверки исклучиво во делот на исполнување на условите за заштита на јавниот ред и мир, безбедноста во сообракајот, но не и проверки поврзани со услови за противпожарна заштита и минимално технички услови за вршење угостителска дејност, кои не спаѓаат во нивна надлежност. Оттука, нивните дејства не може да се доведат во директна причинско-последична врска со настанувањето пожар критичната вечер – брифираат од ОЈО ГОКК.

Кривичното дело тешки дела против општата сигурност, за кое беше донесена наредба за спроведување истражна постапка, во согласност со член 288 став 2 од КЗ, бара постоење директна причинско-последична врска помеѓу непостапувањето по прописите за мерките за заштита и настанатата последица смрт на едно или повеќе лица.

Во конкретниот случај, дејствата на полициските службеници опфатени со овој предмет се поврзани исклучиво за проверки за заштита на јавниот ред и мир и безбедноста во сообраќајот, нешто се однесува само на обезбеден број паркинг-места. Иако се обезбедени докази дека проверките од областа на јавниот ред и мир и безбедноста во сообраќајот не биле извршени правилно, тие не може да се подведат под правната квалфикација за кривично дело тешки дела против општата сигурност по чл. 292 ст. 2 в.в со чл. 286 ст. 3 в.в со ст. 2 в.в. со чл. 22 од КЗ.

– Обвинителството цени дека овие дејства може да се подведат под правната квалификација за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувањето од чл. 353 ст. 1 или ст. 3 в.в. со ст. 1 од Кривичниот законик во зависност од прибавената имотна корист. За дејствата преземени во 2019 година, имајќи предвид дека клубот пријавил загуба, би се работело за делото од член 353 став 1 за кое е предвидена казна затвор од шест месеци до три години – појаснуваат од Обвинителството.

Со оглед дека наредбата за спроведување истражна постапка е донесена на 16.4.2025 година, од Обвинителството посочуваат дека за овие дејства е настапена апсолутна застареност на кривичното гонење во согласност со членовите 107 став 5 и 108 став 6 од КЗ.

– За разлика од тоа, за дејствата преземени на 21.1.2022 година од страна на некои од осомничените не е настапена застареност на кривичното гонење. Во согласност со податоците од Централниот регистар, добиени во текот на предистражната постапка, клубот во 2022 година остварил добивка во вкупен износ од 284.576 денари поради што дејствата на овие осомничени се подведени под правната квалификација од чл. 353 ст. 3 в.в. со ст. 1 од КЗ за што е и поднесено предметното обвинение – појаснуваат од Обвинителството.

На обвинителна клупа за пожарот во „Пулс“ веќе се наоѓаат 35 физички и три правни лица, меѓу кои се сопственикот на „Пулс“, негови блиски, инспектори на државни институции, поранешни министри и припадници на агенцијата што ја обезбедувала дискотеката и нејзиниот сопственик. На почетокот на судскиот процес сите се изјаснија дека не се чувствуваат виновно.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): ​Потпишан меморандум за соработка меѓу Општина Кисела Вода, училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ и МЦГО

Во образовниот сегмент, преку оваа соработка во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ од април започнуваат низа активности. Учениците ќе поминат обуки за медиумска писменост и поголема безбедност на интернет, ќе реализираат сопствени младински иницијативи и ќе учествуваат во „Отворен ден за пријателство и почит“. Проектот ќе биде придружен и со соодветна медиумска кампања на социјалните мрежи, насочена кон промоција на вредностите на проектот и заштитните механизми во заедницата.

Македонија без роаминг во земјите од ЕУ – реалност или надеж?!

Европската Унија е чекор поблиску кон олеснување на мобилната комуникација за граѓаните на Западен Балкан. Европската комисија најави дека ќе побара од Советот на ЕУ зелено светло за старт на преговори со Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија, со цел укинување на роаминг-надоместоците при патувања во Унијата.

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите за земјоделците, манипулацијата на опозицијата паѓа во вода

Нема кратење на субвенциите со новата Програма за директни плаќања туку воведување ред и правична распределба на парите за земјоделците, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на седницата за пратенички прашања.

Мицкоски: Осудувам секаков говор на омраза, вклучително и по етничка основа

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека осудува секаков вид говор на омраза, вклучително и оној на етничка основа. Смета дека никој не треба да користи таков говор и оти од државните институции ќе побара најстроги санкции за оние што ќе навредуваат по етничка основа.

Кривична пријава против А.Б., полициски службеник од Шестата управа, го возел приватното возило без возачка

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против А.Б. поднесе предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност.

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Кичево Фатмир Дехари за „злоупотреба на службена положба“ и штета од 4 милиони денари

МВР поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на Кичево, две други лица и еден правен субјект, со злоупотреби и несовесно работење го оштетиле буџетот на Општина Кичево за сума од над 1.400.000 денари.

Мицкоски за Груби: Нема никаква логика да сум се договорил со оние, кои сакаат да го видат мојот политички крај!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека поранешниот вицепремиер Артан Груби е обезбеден од страна на органите на редот и целата понатамошна постапка е одлука на судската власт.

Петрушевски: Толку ли многу знае Груби што стравот и паниката во СДС се огромни, та се подготвени и да се жртвуваат за него и неговиот криминал?!

„Свесни за сѐ што може да сведочи Груби, во страв и паника го бранат криминалот на поранешниот прв вицепремиер на владата на СДС и ДУИ, па дури и се подготвени да се жртвуваат за него!“ – нагласи пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски во денешното обраќање до јавноста.

Најнови вести

To top