Македонија

Недозволиво е Законот за игри на среќа да се носи набрзина

На дневен ред на пленарна седница е ставен Предлог законот за игри на среќа во прво читање. Се засилува нашиот впечаток дека за некого брзината е поважна од суштината – рече Горан Стоименов, претставник на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС).

Изминаа две недели откако, асоцијациите на приредувачите на игри на среќа во автомат клубови, казина и спортски обложувалници, АПИС и АСОМ доставија официјално барање до Собранието за организирање јавна расправа во врска со Предлог-законот за игри на среќа, но не добија одговор. Согласно член 129 став 2 од деловникот, барањето е упатено до претседателот на Собранието, претседателката, членовите на Комисијата за финансирање и буџет и до координаторите на сите пратенички групи.

– Убедени сме дека ваквата демократска алатка ќе овозможи претставници на асоцијациите и вработените во легалните објекти да ја споделат сопствената експертиза и професионално искуство со пратениците. За жал, не само што не добивме ниту позитивен ниту негативен одговор, туку денеска на дневен ред на пленарната седница е ставен Предлог законот за игри на среќа во прво читање. Се засилува нашиот впечаток дека за некого брзината е поважна од суштината – рече Горан Стоименов, претставник на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС).

Тој нагласи дека станува збор за закон кој се однесува на економски сектор со повеќе од 10.000 вработени што вкупно гледано е најголемиот приватен работодавец.

– Зборуваме за регулатива од која зависат повеќе од 350 милиони евра буџетски приливи на годишно ниво. Закон со толку сериозни последици, особено што содржи уставно спорни одредби и решенија е недозволиво да се носи набрзина. Вака подготвен закон на среден рок ќе направи хаос во општеството кој тешко ќе може да се спречи. Затоа, сметаме дека е неопходно во законодавниот дом да ги соочиме аргументите и најважно од сѐ, јавноста да добие точна претстава за тоа какви штета ќе предизвика усвојувањето на овој Предлог закон – рече тој.

Долг период игрите на среќа се цел на негативна кампања во која се нафрлаат разни клевети. Стоименов повтори дека легалните објекти не се закана за младината. Закана за младината е популизмот кој затворајќи го овој економски сектор ќе ги направи младите лесен таргет на незаконски играчници кои ќе се одвиваат по подруми, а државата ќе нема никаква контрола.

– Голем дел од нашите членки имаат капитал од ЕУ, станува збор за општествено одговорни компании кои донираат во јавното здравство, спортот, културата, покровители се на многу хуманитарни акции и до сега низ различни примери покажале дека се искрен и стабилен партнер на заедницата. Доколку не бидеме ислушани и нашата експертиза и знаење не биде уважено со цел изработка на одржливо законско решение во согласност со највисоките европски и светски стандарди за организирање игри на среќа, ќе бидеме принудени да ги користиме сите демократски средства и правни механизми да ја истераме правдата до крај – рече претставникот на АПИС.

Најнови вести од: Македонија

Панел дискусија во Diamond Mall: Македонското музичко издаваштво има потенцијал, но потребни му се поддршка, инфраструктура и видливост

Музичкото издаваштво во Македонија е витално и потентно, а неговиот иден развој ќе зависи од системското препознавање на неговите вредности

Синдикатот на контролори на летање при М-НАВ ќе тужи и до Стразбур

Апелациониот суд Скопје се премисли и му забрани на Синдикатот на контролори на летање при М-НАВ да штрајкува без да му дозволи гранковиот синдикат, бидејќи овој е само негова подружница. За разлика од првиот пат, кога во декември 2025 Апелација ваквата првостепена одлука ја укина и ја врати на повторно судење, сега при исти услови ја потврди во корист на директорите на М-НАВ кои го тужат Синдикатот на контролори кој лани зимата се закани со штрајк.

Кога Македонија железнички ќе се поврзе со Бугарија?!

Интензивно се гради пругата Скопје – Софија, со 29 мостови и 15 тунели втората делница е градежен и инженерски подвиг, изјави вицепремиерот и министер за градежништво Александар Николовски на обиколката на терен од изградбата на втората делница од пругата од Македонија кон Бугарија.

Трипуновски до СДСМ околу барањето за отповик: Изнесувате политички празни измислици без аргументи, а оставивте пустош во земјоделството

Македонскиот аграр конечно се движи во вистинска насока. Крајно несериозно и парадоксално е да поднесувате интерпелација на министер кој ги поправа вашите катастрофални грешки и штети. Наместо да понудите решенија, конструктивна критика и визија, доставувате текст со празни фрази и евтин популизам, воден од теснопартиски интереси, потенцираа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. „Немојте да изнесувате само политички флоскули дека нешто е катастрофално. Дворот беше премногу валкан и презадолжен – таква ситуација наследивме од вашите седум години власт. Да имавте барем малку доблест да работите домаќински и економски, денеска ќе беше многу поинаква ситуацијата!“ – им порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на пратениците од опозицијата, кои бараат негов отповик.

Силјановска-Давкова од Софија: Проширувањето на ЕУ мора да се темели врз Копенхагенските критериуми

Проширувањето на Европската Унија мора да се заснова врз Копенхагенските критериуми, а темпото на пристапување да зависи исклучиво од напредокот во спроведувањето на реформите, порача претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова на Самитот на шефови на држави и влади во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржува во Софија, пренесе Македонската информативна агенција-МИА.

To top